7 жени кои нè научија дека среќата доаѓа откако ќе се прифатиш каков што си
Да бидеш жена не е лесно, но да бидеш жена во Холивуд е уште потешко. Животот под лупа на папараците и притисокот секогаш да изгледаш совршено може сериозно да ја нарушат самодовербата.
Некои ѕвезди решиле да им се спротивстават на овие општествени стеги и да ги научат жените ширум светот да се сакаат многу повеќе.
Алиша Кис
Алиша Кис ја знаеме по неверојатниот глас, но во последните неколку години не се плашеше да ни го открие вистинското лице. За таа цел, престана да носи шминка.
„Не сакам да се покривам повеќе. Ниту моето лице, ниту умот, ниту душата, ниту мислите, ниту соништата, ниту моите борби, ниту мојот емоционален раст. Ништо нема да покривам.“
Ешли Греам
Конечно, модел кој нè прави да се чувствуваме како вистински жени.
Медлин Стјуарт
Медлин Стјуарт е единствената 19-годишна девојка со Даунов синдром која го менува поимот за убавина. Минатата година се појави на писта во Њујорк, за време на Модната недела. Ниту небото не е граница за неа!
Џенифер Анистон
Мајчинството и бракот се двете работи по кои денес се цени дали една жена е усешна.
Џенифер на таа тема многупати отворено зборувала со цел да го промени начинот на кој се вреднува жената.
„Ние сме целосни со или без сопруг, со или без дете. Ние одлучуваме што е убаво, кога се работи за нашите тела.“
Ема Вотсон
Актерката од Хари Потер има многу да каже на тема феминизам. Во 2014-та имаше говор кој вклучуваше силни цитати и реченици од типот на:
„Ако престанеме да се дефинираме едни со други за тоа што не сме и почнеме да се дефинираме според тоа што сме, ќе бидеме многу послободни.“
Брини Рајс
Девојката која од 19 години има дијагностицирано витилиго, ретка состојба во која кожата го губи пигментот. Откако со месеци се криела зад шминката, некако пронашла храброст да се открие пред светот.
„Не дозволувајте вашите различности да ве дефинираат, искористете ги за да инспирирате други и да растете. Сакајте се со сите свои маани.“
Деми Ловато
Деми Ловато како тинејџерка се борела со анорексија, зависност од дрога и депресија. Денес, таа е совршен пример како сето тоа може да се победи и да се стане успешен, без оглед на минатото.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





