5 механизми за заштита на кои не можеме да влијаеме во одредени ситуации
Мистериите за човековата психа сѐ уште не се целосно решени.
Понекогаш не знаеме зошто на одредени ситуации реагираме на еден или на друг начин, бидејќи нешто посилно од нас нè тера да се поставиме заштитнички.
Погледнете кои се тие механизми за заштита кои ги користиме во одредени ситуации, дали се правилни и како можеме да влијаеме врз нив.
Негирање
Одрекување – еден од најлесните типови на психолошка одбрана. Тоа значи дека личноста одбива да ја прифати болната информација или случка и тоа го прави несвесно.
Понекогаш тоа може да нѐ заштити да не бидеме повредени, но некогаш тоа може само да ни наштети и да нè однесе во погрешен правец.
На пример, често се случува да не го забележувате лошото однесување на саканиот, бидејќи сте слепо заљубени и не сакате да си го признаете тоа.
Потиснување на мислите и чувствата
Многу често се случува да ги потиснуваме непријатните мисли и чувства. Понекогаш тоа го правиме со читање книга, гледање серии, следење на социјалните мрежи или едноставно, бараме утеха во храната и се обидуваме да заборавиме на тоа што нѐ мачи.
Но, кога болката е неподнослива, тогаш претопувањето во светот на книгите и сериите, со цел да се избегнат вистинските проблеми, нема да ни помогне да го постигнеме тоа.
Поделба
Овој механизам е карактеристичен за периодот во детството, кога светот е поделен на „лош“ и „добар“ – што е сосема разбирливо за децата.
Но, со растењето почнуваме да забележуваме дека едно исто нешто може да има повеќе различни својста. Сепак, како поминува времето, возрасните може повторно да ги поделат луѓето на добри и лоши.
Опасно е тоа што тие ќе бидат заслепени од тоа мислење и нема да можат да ги пронајдат позитивните квалитети во „лошото“ и обратно, а тоа ќе придонесе за нарушување на способноста да се согледа реалноста.
Покажување слабост
Метод на заштита, што е базиран на верувањето дека тие што се слаби треба да бидат заштитени.
Ова се однесува на тоа кога потсвесно почнуваме да му зборуваме со детски или натажен глас на некој што е над нас и можеби ни се лути, или пак кога се жалиме за здравјето, бараме помош за нешто и слично.
Многу често, овој метод успева, но оние кои го злоупотребуваат тоа и го прават постојано, може да почнат да го прифаќаат и да станат зависни од ова однесување несвесно, а тоа може да резултира со хронична слабост.
Пренасочување на енергија
Најверојатно ова е еден од механизмите за заштита, кој е всушност позитивен.
Преку овој механизам, можеме да ја пренасочиме енергијата на конфликтите кои ги имаме со некој или на чувствата кои ги потиснуваме во себе.
На пример, тоа може да се направи со пишување текстови за саканите кои сме ги изгубиле, со пресликување на лошите мисли и чувства во цртеж, или пак удирање во боксерска вреќа замислувајќи го тој што навистина ви оди на нерви, но не можете да му се „истурите“ во лице.
Како да се справите со тоа?
Изгледа како да е навистина невозможно да се борите против своеволноста во некои ситуации, но всушност постои излез и од ова.
Посветете се на себеси: кои работи ве вадат од кожа, што ви оди на нерви и што ве повредува?
Одвојувајте по 5 минути и пишувајте, а потоа анализирајте зошто е тоа така.
Барајте го одговорот, бидејќи тој се наоѓа во вас. Ако се чувствувате луто или уморно, веројатно сте на прав пат. Ако е неопходно, немојте да се плашите да посетите психијатар.
На почетокот, секако дека ќе биде тешко, но вреди да се помачите, бидејќи сигурно сакате да уживате во секој ден, да имате добро расположение и да не се плашите да ги решавате проблемите на кои ќе наидувате.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





