Моќно видео: Зошто животот не е патешествие?
Ова видео е како подарок.
Замислата можеби е малку хиперболизирана и претерана, но мудрите зборови кои се слушаат со симпатичен британски акцент на Зен учителот Алан Вотс вредат да се слушнат.
Односно, вреди да одвоите четири и пол минути од вашиот ден кои може значајно ќе ви го променат животот.
Неговата основна порака е дека нашето културно условување и социјализацијата кои ги добиваме преку образованието нè одржува како трка на глувци во лавиринт - кој побрзо ќе стигне до кашкавалот?
Овие пораки постојано одѕвонуваат во нашите уши и се основа на нашата цивилизација.
Добра вест - можеме да излеземе од кругот каде постојано како хрчак трчаме и го вртиме тркалото.
Како?
Погледнете го видеото:
Н. Г. | Црнобело