Што точно се случува во вашето тело кога ви е ладно?

Прво пребројте ги слоевите на облеката и џемперите кои моментално ги имате на себе, па потоа продолжете со читање за тоа што се случува со вашето тело моментално.

sto-tocno-se-slucuva-vo-vaseto-telo-koga-vi-e-ladno-001_copy.jpg

Нашата нормалана телесна температура е меѓу 36.6 и 37 степени, но штом таа започне да се намалува нашето тело веднаш зазема одбранбен став.

Ова се промените кои настануваат во различни делови од нашето тело штом почувствуваме студ:

1. Мускули

Штом излезете од топло на ладно, мускулите веднаш ве известуваат за температурата. Ако се чувствувате згрчено и не чекорите со елан, тоа е знак дека ви е ладно и дека телото не очекувало нешто такво. Затоа пред да излезете на ладно малку раздвижете се.

Sto-tocno-se-slucuva-vo-vaseto-telo-koga-vi-e-ladno-03

2. Крв

Нашето тело знае што е важно, па кога сме на ладно целата крв се повлекува кон внатрешните органи. Тоа значи помала циркулација во периферните делови од телото како прстите, носот, ушите и екстремитетите. Токму затоа треба да ги заштитите главата и рацете, но најпаметно е да облечете слоевите облека како најдолго би ја задржале топлината.

3. Срце

Кога е ладно крвта е таа која ја одржува телесната температура. Со оглед на тоа дека организмот првенствено се грижи за внатрешните органи, одењето е напор за кој е потребно срцето побрзо да работи. Брзото работење на срцето повлекува и повисок крвен притисок па затоа добро загрејте се, облечете се топло и без брзање упатете се онаму каде сте тргнале.

Sto-tocno-se-slucuva-vo-vaseto-telo-koga-vi-e-ladno-05

4. Дишење

Студениот и сув воздух кој го вдишувате ја намалува топлината и влажноста на дишните патишта, што може да предизвика отежнато дишење, а кај болните од асма дури и напади. Колку понормално дишете, толку помалку проблеми ќе имате. Не брзајте и не се напрегајте.

5. Нос

Носот служи како грејач и навлажнувач на воздухот кој се движи кон белите дробови. Кога ќе вдишете студен и сув воздух, носот знае и да претера со својата должност а да го направи премногу влажен. Во тој случај имајте марамче во близина.

Sto-tocno-se-slucuva-vo-vaseto-telo-koga-vi-e-ladno-07

6. Тоалет

Кога му е ладно на организмот, тој користи повеќе крв. Освен крвта, и водата се движи кон внатрешните делови на телото. Заради тоа се случува организмот погрешно да мисли дека имате премногу вода во вас и да ве тера да уринирате. Иако можеби не изгледа така, кога ви е ладно, трошите многу повеќе вода, па е корисно да внесувате повеќе течности.

7. Тресење

Аго губите повеќе топлина  од што создавате, првата работа која ќе ви се случи и да се наежите. Телото ги крева влакната за да го намали губењето на топлина. Но, луѓето веќе немаат на себе влакна колку што имале нашите предци, па токму затоа телото започнува да се тресе. Тресењето е всушност неконтролирано грчење и опуштање на мускулите за да се создаде топлина. 

Sto-tocno-se-slucuva-vo-vaseto-telo-koga-vi-e-ladno-09

8. Вежбање

Вежбањето во текот на студените денови има двојно дејство, заради недостатокот од влага не е толку исцрпувачко, а заради ниските температури создава повеќе ендорфин кој ви дава сила. Вежбањето на ладно време ја намалува посаноста и дересивноста во сивите студени денови.

 М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg