Како за 5 години од бездомник станал сопственик на империја за овошни сокови?
Калил Рафити, 46-годишен сопственик на мрежа од барови за овошни сокови, е совршен доказ дека не постои ситуација која може да се нарече безизлезна.
Неговата волја за успех и упорноста се доказ дека ништо не е невозможно и недостижно само доколку верувате во сопствените сили.
Во неговата книга „I Forgot To Die“, Калил, кој денес е милионер, раскажува како пред 13 години се борел со зависноста од дрога, имал само 48 килограми и живеел во целосна сиромаштија.
По сугестија на негов пријател тој започнал со подготовка на природни сокови за пациентите и персоналот на центарот за рехабилитација кој го посетувал.
За период од 5 години репутацијата на центарот се проширила низ цел Холивуд.
Ова го инспирирало Калил да отвори синџирот на барови за природни сокови „SunLife Organics “.
Здравите пијалаци содржат алкална вода, хималајска розова сол и трева од глуварче.
Покрај овошните коктели, кафето и смрзнатиот јогурт, најпознатиот пијалак на компанијата е смутито „Вулверин“, подготвено од банана и урми.
„The Elixir of Life“ и „The Happy“ се омилените коктели на Ентони Киедис, фронтменот на Ред Хот Чили Пепер, но и на актерот Дејвид Духовни, кои се само дел од познатите клиенти во овој бар.
Калил останува посветен на мисијата која пред многу години го инспирирала да застане повторно на нозе. Неговата филозофија се заснова на фразата „сакај, оздрави и инспирирај“, а маичките на кои стои токму овој натпис се дел од продажниот асортиман на „SunLife Organics“.
М. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





