Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


15 работи кои ќе ги научите кога немате на кого да се потпрете

Кога немате на кого да се потпрете, тогаш учите дека сами на овој свет можете да си ги водите животните битни и дека не ви е потребна друга личност.

15-raboti-koi-kje-gi-naucite-koga-nemate-na-kogo-da-se-potprete-01.jpg

Ќе научите и дека...

1. Ќе научите дека понекогаш можете да се обидете да објасните нешто на некого, но дека тоа може да го сфатат откако ќе им се случи на нив.

2. Ќе сфатите дека на крајот само вие можете сами да си помогнете и почнувате активно да ги решавате проблемите.

3. Полесно ви е кога не разговарате за некои работи, бидејќи потсвесно почнувате да очекувате дека ќе се разочарате кога некои работи едноставно не се случуваат, колку и да посакате.

4. Сфаќате на кого навистина му е до вас, а кој глуми. Во тешките времиња се познаваат вистинските пријатели.

5. Сфаќате дека некои од вашите најдобри пријатели не ве познаваат вистински, туку знаат само дел од вас. Со други зборови, ве сакаат кога сте среќни, но не и тажни и несреќни.

6. Некои луѓе го намалуваат значењето на вашите проблеми, бидејќи не се опасни по живот и затоа не сакаат да ве слушаат. Од тие луѓе бегајте што подалеку.

7. Ќе почнете да барате одговори наместо да барате одобрување и решенија надвор од себе. Тоа значи дека ќе ги правите работите по сопствена проценка.

8. Ќе научите како да бидете одговорни за сопствениот живот. Ако нешто направите погрешно самите ќе си бидете одговорни и нема да ги обвинувате другите.

9. На тежок начин ќе научите да се прифатите себеси. Тешко е кога мислите дека сте сами, а уште е потешко да мислите дека вие не сте виновни за тоа.

10. Ќе научите да се соочите и носите со самотијата. Ќе ги прилагодите сопствените мисли, стравови и збунетост.

11. Ќе почнете да сфаќате дека секој има своја улога во вашиот живот, а на некои улогата и не е толку многу важна. Некои се тука привремено и нема да ви бидат пријатели до крајот на животот.

12. Ќе станете повнимателни кога се во прашање идните врски. Нема да бидете така доверливи и нема лесно да се потпирате на другите.

13. Ќе сфатите дека понекогаш е подобро да не им кажувате на луѓето сè за себе.

14. Ќе сфатите дека после падот сами можете да станете и не ви треба некој за да се потпрете на него.

15. Ова е тешка лекција, но и најважната. Можете и сами да преживеете, бидејќи многу луѓе ќе сакаат да ве повлечат на дното.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg