Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


82-годишен дедо доби седма факултетска диплома во животот

Луиџи Милана има 82 години и се чини има несопирлива желба за учење на нови работи во животот.

82-godisen-dedo-ja-dobi-sedmata-fakultetska-diploma-vo-zivotot-01

Доказ за тоа е фактот што на 82 години тој ја доби седмата универзитетска диплома од филолошкиот факултет во Падова.

Желбата за учење ја имал уште од најмала возраст кога неговиот сон бил да стане инженер, но морал да ја остави таа желба настрана, бидејќи на 10 години останал сирак, па морал да порасне и да созрее многу побрзо од неговите врсници.

На крајот завршил на колеџ во Верона и се вработил прво во фабрика за шеќер во Понтелонго, а подоцна во бродоградилиште во Венеција каде останал да работи 25 години.

82-godisen-dedo-dobi-sedma-fakultetska-diploma-vo-zivotot-2.jpg

Но, ниту работата не го одвлекла од желбата за учење. На 53 години ја добил првата диплома за литература, а потоа следеле дипломите по теологија, филозофија, историски науки и наука за религиите.

Тој исто така има и диплома по магистерски науки од областа на историја.

Она на што е посебно горд е што добил финансиска поддршка за неговото истражување кога имал 73 години.

„Кога ќе помислам на тоа и денес чувствувам како целото тело ми трепери“ – вели тој.

82-godisen-dedo-dobi-sedma-fakultetska-diploma-vo-zivotot-3.jpg

Советот кој тој го има за сите млади луѓе, вклучувајќи ги и неговите внуци, е дека никогаш не е доцна да научите нешто ново и да се надградите себеси.

„Културата не е само важна, таа е и основното нешто кон кое секој треба да се стреми“ – порачува тој.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи од кои жените се згрозуваат кога ќе влезат во стан на некој маж Обвивки од искористени кондоми. Фрижидер преполн со алкохол, без воопшто храна в...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg