Едно клучно прашање кое го променило животот на Стив Џобс

Од моментот кога го основал Apple во 1976-та, Стив Џобс го посвети целото време на својата работа.

edno-klucno-prasanje-koe-go-promenilo-zivotot-na-steve-jobs-1.jpg

Виртуелно присуствувал на секој состанок во компанијата, а испуштил само еден единствен состанок.

Што е она што можело да му го одвлече вниманието, за човекот кој е познат по својата посветеност на работата, да пропушти деловен состанок?

Одговорот е едноставен и емотивен: Џобс го пропуштил состанокот со цел да се појави на првиот љубовен состанок со една прекрасна, млада жена, која подоцна ќе стане негова сопруга.

edno-klucno-prasanje-koe-go-promenilo-zivotot-na-steve-jobs-2.jpg

Еднаш, во октомври 1989-та година, Џобс држел говор на универзитет. Неодамна дипломираната Лорен Повел седела во публика. Џобс завршил на местото до неа, па сакајќи да ја запознае подобро откако го завршил говорот, размениле телефонски броеви.

Џобс не можел да чека, и уште истиот ден ја поканил на вечера.

Очекувано, имало само една работа која им стоела на патот - деловниот состанок на Џобс.

Седејќи во автомобилот, Џобс си го поставил клучното прашање кое му го променило животот: Што ќе направев ако ова ми беше последниот ден во животот?

Не му требало многу долго за да си одговори, да се врати во универзитетот и да ја најде жената која штотуку ја запознал. Од тој момент, не се разделиле.

Да знаете дека ништо не е вечно е базата на целата мудрост.

Затоа, почесто поставувајте си го ова прашање. Тоа ќе ви помогне да сфатите што ви е најважно. И поставете си го пред да биде доцна.

Што би правеле сега, во овој момент, ако знаевте дека ова ви е последниот ден од животот?

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg