Колку е тенка границата меѓу машко - женските пријателства?
Машко-женските пријателства секогаш се тема на разговор, а фразата „ние сме само пријатели“ се употребува во разно разни ситуации кои понекогаш не го отсликуваат односот реално.
Кога љубоморната жена ќе види дека нејзиниот сопруг е премногу фин со колешката на работа, тој ќе ѝ одговори: „ние сме само пријатели“.
Кога ќе ве фатат во разговор со поранешното момче, а не сакате да откриете каков е вашиот однос, велите: „ние сме само пријатели“.
Но, дали постои таквото пријателство и до каде се границите?
Тешко е да се биде пријател со личност од спротивниот пол, која е привлечна и со која секогаш се чувствуваме удобно. Личност со која поминуваме многу време заедно.
Ако таквата личност е во среќен брак или врска, зачестеното дружење може да предизвика љубомора кај партнерот.
Да разгледаме еден пример.
Мартина и Влатко се неразделни пријатели од детството, дома се враќале валкани кога играле на игралиште, подоцна првпат заедно се опиле, заедно избегале од час...
Подоцна, после завршувањето на факултетот, Влатко стапи во брак со Дарија која тешко го трпи неговото пријателство со Мартина.
Не сфаќа зошто секој ден мора да пие кафе со пријателката, зошто таа му се јавува на него кога има проблеми, зошто морала да позајми пари од него...
Затоа и се случил непријатниот разговор од кој односот меѓу мартина и Влатко заледил...
Пријателството може да биде добра замена за луѓето кои немаат среќа во љубовта или кога ќе ја прекинат врската, тогаш „машката“ или „женската“ перспектива на работите ни дава објективен поглед на работите.
Но, дали таквите односи хранат една скриена љубов која чека да се испразни и да излезе на виделина?
Пријателствата меѓу спротивните полови се чудна работа. Ако не се привлекуваат меѓусебно, тогаш може да станува за идеален однос.
А, што ако случајот не е таков? Тогаш нема шанси да преживее, прекинува.
Кога машко - женското пријателство може да успее?
Ако и двајцата се во врска.
Приватно се среќни, а пријателскиот однос го негуваат заради заедничките интереси.
Ако не постои физичка привлечност.
Ако никогаш не сте биле во врска...
Н. Г. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





