Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Навики кои треба да ги исфрлите од животот кога ќе наполните 30 години

Ако мислевте дела 20-ите се оние години кога учите за животот „во движење“, имаме вести за вас, и 30-ите служат за истата работа.

naviki-koi-treba-da-gi-isfrlite-od-zivotot-koga-kje-napolnite-30-godini-01.jpg

Дотогаш сме научиле неколку паметни и поучни работи за животот, а сега е време да научиме уште неколку нови работи.

8 работи кои во 30-ите со самодоверба и сигурност ќе ги исфрлите од животот:

1. Помалку од 7 часа сон секоја ноќ

7 или 8 часа, никогаш не треба да ги земате здраво за готово. Ноќниот живот и не е така супер наредниот ден.

2. Идејата дека постојат „возрасни луѓе“

Не постојат „возрасни“. Ова е теорија во која сме верувале додека сме биле млади, но како се однесуваат возрасните луѓе? Единственото нешто што можеме да го научиме е дека постојат мудри луѓе.

3. Дружење со „неважни“ луѓе

Во 30-ите ќе престанете да се грижите за мислењето на неважните луѓе, а сè што ќе барате се вистински пријатели на кои можете да се потпрете.

4. Да кажувате „да“ буквално на сè

Границата е да најдете што ви годи, а што не. Во ред е да кажете „не“ тогаш кога знаете дека ќе почнете да ги трошите и последните сили.

5. Да се извинувате тогаш кога знаете дека не сте направиле нешто лошо

Како за зборот „да“, истото важи и за „извини“. Само си ја уништувате самодовербата, а кога се извинувате за нешто за кое знаете дека не сте виновни.

6. Грижата за декорот

На крајот на денот, никој нема да памети како сте си го уредиле домот, како сте ја наредиле масата за јадење, како сте ја декорирале храната... Сè што ќе паметат луѓето е како сте ги пречекале.

7. Тоа што постојано заборавате да заштедите пари

Добро знаете, секогаш треба да имате нешто плус за „црните денови“.

8. Туркање на проблемите „под тепих“

Тешките разговори и решавањето на проблемите се секогаш најдобра опција, игнорирањето и негирањето само ви го отежнуваат животот.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
9 работи од кои жените се згрозуваат кога ќе влезат во стан на некој маж Обвивки од искористени кондоми. Фрижидер преполн со алкохол, без воопшто храна в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg