Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Според еден психолог: 20 навики кои ќе ви донесат среќа во животот

Постои само една моментална состојба – или сте среќни или не сте. Нема средина, нема варијации. Колку и да звучи сериозно, така е.

spored-eden-psiholog-20-naviki-koi-kje-vi-donesat-srekja-vo-zivotot-01.jpg

Но, ако се наоѓате во онаа втората, несреќна, категорија, можете да научите да бидете среќни.

Како? Според советите на познатиот психолог Мартин Селигман, човекот кој е уште познат и како татко на „Позитивната психологија“.

Според него, постојат три типови на животен стил заради кои можете да бидете среќни:

1. Живеење на живот исполнет со позитивни емоции и задоволства.

2. Живеење на живот исполнет со грижа и посветеност, барање среќа во работата, родителство и љубов.

3. Барање на значење и суштина на вашиот живот, откривање на внатрешните силни страни и маани.

Направил истражување и открил дека она првото, каде сме во потрага по задоволства и пријатни емоции не се поврзува со вистинската среќа, но од друга страна, вторите два типа дефинитивно можат да ве направат среќни.

Понатаму во истражувањето открива навики заради кои среќните луѓе се всушност, среќни.

Навики кои и вие можете да ги применувате за среќен живот:

1. Среќните луѓе имаат навика да се опкружат себеси само со други среќни луѓе.

2. Среќните луѓе, дури и тогаш кога немаат посебна причина, се смеат.

3. Имаат способност брзо да соочат со лоши вести, шокови и несреќа, и брзо се враќаат во својата нормална состојба.

4. Се обидуваат да бидат среќни. Токму така, колку и да звучи едноставно, всушност тие секогаш се обидуваат да пронајдат среќа.

5. Ги слават дури и најмалите успеси.

6. Уживаат во малите задоволства.

7. Дел од својот живот го посветуваат на тоа да му дадат, остават нешто на светот, посебно на другите луѓе околу нив.

8. Си дозволуваат да бидат понесени од моментот, целосно да истражат до каде се границите на нивната мотивација и интерес за нови работи, а тоа ги води и до успех.

9. Преферираат длабоки разговори.

10. Парите не ги трошат само на себе, туку и на другите.

11. Знаат како вистински да слушаат.

12. Покрај тоа, секогаш гледаат да комуницираат со другите луѓе, да останат во контакт дури и тогаш кога се илјадници километри оддалечени .

13. Бараат позитивни работи во секоја ситуација и оптимизмот секогаш си го одржуваат на ниво.

14. Знаат која е моќта на музиката и секогаш наоѓаат време да уживаат во неа.

15. Знаат да заборават на мобилниот, Фејсбук... и да се исклучат барем за кратко од технолошкиот свет.

16. Покажуваат благодарност, интерес, страст за нови работи...

17. Редовно вежбаат.

18. Имаат навика да пешачат.

19. Наутро си даваат малку време и лежат во кревет пред да станат да се подготвуваат за работниот ден.

20. Чекорат самоуверено со големи, слободни чекори. Ова не е само метафора, туку и вистина. Одењето значително може да ви го промени расположението.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg