10 работи кои покажуваат зошто паметните луѓе обожаваат сарказам

Некои луѓе мислат дека сарказмот е само еден начин некого да се навреди или повреди.

10-raboti-koi-pokazuvaat-zosto-pametnite-luge-obozavaat-sarkazam-01.jpg

Меѓутоа, истражувањата покажуваат дека личностите кои сакаат саркастични шеги, важат за поинтелигентни.

Ова се 10-те работи што треба да ги знаете за сарказмот и луѓето кои го користат:

1. Сарказмот помага да ги разбереме личностите

Според тврдењата на психолозите, „разбирањето на состојбата на умот и емоциите на другите луѓе, е поврзано со способноста да се разбере сарказмот“. Да, тоа значи дека не можете да ги лажете.

2. Сарказмот е знак за висока интелигенција

Многу истражувања покажале дека нашиот мозок треба да работи многу побрзо за да го разбереме сарказмот. Тоа значи дека саркастичните луѓе имаат брз ум.

3. Саркастичните луѓе одлично се справуваат со проблеми

Кога мозокот работи во полна пареа, тоа значи дека таа личност е способна да пронајде решение многу побрзо од останатите.

4. Владеат со комуникациски способности

Според денешните лингвисти, сарказмот е многу важен дел од разбирањето на модерното општество. Саркастичните луѓе се секогаш во центарот на вниманието и никогаш не се досадуваат, седејќи сами на страна.

5. Саркастичните луѓе се поцврсти и поотпорни

Тие се доволно паметни, за да знаат дека не треба да си земаат сѐ при срце. Не само што можат да ги поднесат критиките, туку и многу лесно се справуваат со други личности. Сигурно не можете да замислите ваква личност да биде жртва, нели?

6. Сарказмот е корисен за менталното здравје

Според истражувањата кои се спроведени од невропсихолози на Универзитетот во Калифорнија, кога некој не може да прифати дека некој му се обраќа саркастично, тоа може да биде знак за почеток на некоја ментална болест.

7. Саркастична личност во друштвото може да влијае на пријателите да станат попаметни

Кога љубителите на сарказмот постојано комуницираат меѓусебно на тој начин, почнуваат да влијаат на мозокот на другите. Па, доколку и останатите сакаат да бидат во тек со настаните, ќе мора мозокот многу побрзо да им работи за да се вклопат во средината.

8. На мајсторите на сарказмот им е доволен само еден збор

Кога се работи за војна со зборови, овие луѓе баш и немаат влакна на јазикот. А, ако некој ги навреди, истиот ќе зажали, бидејќи некогаш зборовите болат повеќе од удар.

9. Тие истовремено може да ве навредат и да ве насмеат

„Не дојдов до врвот на пирамидата на исхрана за да бидам вегетеријанец, но за тебе ќе направам исклучок.“ - тоа е фраза која звучи смешно додека не размислите подобро. Дали тоа некој го навредува вашиот стил на живеење... или треба само да се заблагодарите?

10. Тие имаат пријатели кои вистински ги сакаат

Сарказмот може да биде вистински предизвик за пријателство, бидејќи не секој може да ги издржи саркастичните шеги. Но, иако е тешко да се биде пријател со саркастична личност, понекогаш може да биде и забавно, особено по некое време, кога ќе можете да се шегувате на начин кој никој друг не може да го разбере.

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
15 луѓе кои направија пластична операција и конечно се среќни со изгледот „Операцијата на носот е најверојатно најдобрата одлука што сум ја донела во живо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg