Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Што НЕ прават лесно допадливите луѓе?

Луѓето кои се лесно допадливи се навистина талентирани кога станува збор за разговор. Но, нивната тајна за успех не е во она што го прават туку во она што НЕ го прават.

sto-ne-pravat-lesno-dopadlivite-lugje-01.jpg

Најголемиот дел допадливи луѓе го избегнуваат најбрзиот уништувач на разговори – прекинувањето.

Една од најголемите тајни како да бидете добар соговорник и луѓето да ве сакаат е да не ги прекинувате додека зборуваат.

Ако не ги прекинувате, луѓето ќе сакаат да разговараат со вас – што значи, дневните разговори ќе станат пријатни, преговорите полесни, а вашата мрежа на пријатели и контакти нагло ќе се зголеми.

А, ова се случува кога ги прекинувате:

1. Тие заземаат одбранбен став

Кога прекинувате некого, му кажувате дека вашиот глас е многу поважен од нивниот. Природно, тие заземаат одбранбен став или се обидуваат да ве надвикаат или замолчуваат. Во секој случај, вие губите.

2. Се нарушува текот на разговорот

Ако разговорот е како танцување, тогаш прекинување на соговорникот е како да му стапнете на стапалата на партнерот. Го нарушува целиот ритам и тешко е да се врати во нормала.

Луѓето кои се лесно допадливи избегнуваат да го нарушуваат ритамот со зборување кога не е нивни ред, со прашување во погрешно време или завршувајќи ги туѓите реченици. Тие му даваат простор на соговорникот да се изрази и да импровизира – поддржувајќи го со активно слушање и искрен интерес.

3. Се создава небезбедна средина

Кога помалку зборувате и повеќе слушате, создавате безбеден простор за другите луѓе. Тие ќе ви веруваат, бидејќи нема закана од прекинување. Луѓето ќе ги споделуваат своите идеи, чувства и мисли со вас, бидејќи сте се покажале како доволно трпеливи за да ги ислушате.

Внимателното и трпеливото слушање создава непишана врска на доверба помеѓу вас и соговорникот – и двајцата ќе имате бенефиции од квалитетниот разговор.

4. Тие ќе ве прекинат

Златно правило: Кога ќе престанете да ги прекинувате другите луѓе и тие ќе престанат да ве прекинуваат вам. Кога зборувате, сакате да бидете ислушани до крај. Ако не ве прекинуваат, нема да се чувствувате како да не сте ја кажале вашата поента.

Ако не прекинете некого, нема да се презирате и внимателно ќе слушате додека не ви дојде редот вие да зборувате.

Како да престанете да ги прекинувате другите луѓе?

Прво, обратете внимание кога ви се јавува желба да прекинете некој.

Второ, гризнете си го јазикот кога ќе почувствувате таква желба. Не го пуштајте јазикот сѐ додека не поминат најмалку 2 секунди од последните зборови на соговорникот.

На тој начин, секогаш ќе знаете кога личноста завршила со зборување, а кога земаат здив за следната реченица што планираат да ја кажат.

Звучи малку чудно, но делува.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 луѓе кои сосема сами го претворија домот во пријатно катче за уживање (фото) „Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам ...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg