Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 причини зошто сте доволно добри такви какви што сте во моментов

Во животот секогаш постојат фази каде се преиспитуваме дали сме доволно добри? Дали некако можеме да се поправиме?

10-pricini-zosto-ste-dovolno-dobri-takvi-kakvi-sto-ste-vo-momentov-01.jpg

Доаѓаат фази кога ни недостасува сила, изморени сме, проблемите не совладуваат и не тераат да се запрашаме - дали сум доволно добар?

Одговорот секогаш е да.

1. Доволно сте добри, затоа што постоите. Без разлика во што верувате и во каква енергија над вас верувате, вие сте тука, на овој свет, затоа што имате своја цел, само треба да ја откриете.

2. Доволно сте добри затоа што имате нешто што никој друг не може да го понуди. Заразна насмевка, математички способности, кулинарски вештини...

3. Доволно сте добри затоа што правите големи, огромни грешки. И тоа е генијално, затоа што се издигнувате и знаете да се носите со нив. Некој друг не би можел да го поднесе тој товар.

4. Доволно сте добри, затоа што некој ве сака. Можеби не го чувствувате тоа постојано, но никогаш не се сомневајте во луѓето кои ве сакаат.

5. Доволно сте добри, затоа што ја покажувате својата ранливост. Сте подариле нежност, драгоцен дел од себе. Тоа побарува повеќе храброст од било што друго.

6. Доволно сте добри затоа што сте дозволиле некој да ве повреди и сте продолжиле понатаму. Сте се освестиле дека вредите повеќе од тоа како некој се однесувал со вас. Сте научиле да се сакате себеси и да се тргнете од луѓето кои не ве сакаат со иста мера.

10-pricini-zosto-ste-dovolno-dobri-takvi-kakvi-sto-ste-vo-momentov-02.jpg

7. Доволно сте добри затоа што сте свесни дека мора да простите, но и да пуштите одредени луѓе да си заминат од вашиот живот.

8. Доволно сте добри затоа што тонете во своите емоции, а емоциите се она што ве одржува во живот.

9. Доволно сте добри, затоа што го цените заоѓањето на сонцето или звукот на капките дожд. Свесни сте за убавината која човекот не може да ја создаде.

10. Доволно сте добри затоа што без разлика во каква рутина и да сте западнати, или ако сте имале ужасен ден, се уште се надевате на подобро утро. Имате надеж. А, тоа е сосема доволно за посреќно утре.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg