Како изгледа Сонцето од другите планети? (фото)
„Како изгледа Сонцето гледано од Земјата?“ прашање кое може да го одговорите така што ќе погледнете во небото додека е ден. Но, прашањето „Како изгледа Сонцето гледано од другите планети?“ е прашање на кое долго време немавме одговор, сѐ досега.
Со оглед на тоа што станува збор за огромни и уникатни далечини, не е баш едноставно за замислување. Но, благодарение на дигиталната ера во која живееме, тоа станува полесно.
Со други зборови, благодарение на дигиталните слики создадени од Рон Милер – илустратор од Вирџинија кој поминал декади замислувајќи ја вселената, одговорот на ваквото интересно прашање е конечно даден.
Овие „илустрации“ покажуваат како изгледа Сонцето на небото од сите планети (вклучувајќи ја и нашата омилена џуџеста планета – Плутон).
А, за тие да бидат реалистични, Милер требало да открие колку Сонцето да биде големо, но тоа не било многу тешко.
„Единственото нешто што е важно и што треба да знаете е колку планетата е оддалечена од Сонцето. На пример, ако планетата е 20 пати подалеку од Сонцето, за разлика од Земјата, тогаш Сонцето ќе биде 20 пати помало.“ – вели тој за Huffington Post.
И како што вели инверзниот закон на квадрати за светлина, интензитетот на светлината паѓа врз објектот со квадратот од далечината. Што значи, на пример, сончевата светлина е 900 пати потемна на Нептун отколку на Земјата затоа што Нептун е отприлика 30 пати пооддалечена од Сонцето (30х30=900).
Но, за среќа не морате да се заморувате со физики и математики, бидејќи овие прекрасни слики го доловуваат токму тоа:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





