Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Пиво од месечева прашина: 7-те најучудни пива во светот

Пивото е совршен пијалак за лето и верувале или не, тој може да се направи од многу чудни и необични работи како сланина, васаби сос и слично. Но, постојат некои состојки за кои никогаш не би рекле дека од нив ќе се направи квалитетно пиво.

pivo-od-mesecheva-prashina-7-te-najchudni-piva-vo-svetot-001.jpg

Ова се најчудните пива на светот:

1. Пиво од фосили

Квасецот кој се користи за да се направи ова пиво се добива така што се полираат коските на фосили од кит, стари 35 милиони години и се нарекува „коскено пиво“. Крајниот резултат има вкус на некое овошје кое се добива од дивиот квасец.

pivo-od-mesecheva-prashina-7-te-najchudni-piva-vo-svetot-2.jpg

2. Пиво од месечева прашина

За да го добиете овој неверојатен пијалак потребно е да додадете малку месечева прашина. Фирмата „Dogfish Head“, која го произведува ова пиво, користела парчиња метеорити кои биле издробени и натопени како чај во оваа смеса за да добијат навистина уникатно пиво.

pivo-od-mesecheva-prashina-7-te-najchudni-piva-vo-svetot-03.jpg

3. Пиво од брада

Верувале или не, има убав вкус и е убаво. Пивото Rogue се прави од квасец направен од брадата на творецот на пивото - Џон Мејер. И иако голем дел од произведувачите на пиво имаат брада или мустаќи, Мејер гордо ја носи својата брада уште од 1983 и од неа се направени преку 15.000 вида пиво.

pivo-od-mesecheva-prashina-7-te-najchudni-piva-vo-svetot-04_copy.jpg

4. Пиво од чадени мозоци од коза

Творците од пиварата „Dock Street Brewing Co.“ се големи фанови на серијата „The Walking Dead“. За да ја одбележат серијата, тие направиле пиво наречено Walker од чадени мозоци од коза. Пивото има кремаста текстура со малку арома на чад.

pivo-od-mesecheva-prashina-7-te-najchudni-piva-vo-svetot-05.jpg

5. Пиво од чаден измет на овци

Ова пиво е направено од исландската пиварница „Borg Brugghus“. Огнот кој гори за да се исчади сладот, случајно е и изгорен измет од овци. Идејата била да се додадат земјени ноти за да има баланс со цитрусниот вкус.

pivo-od-mesecheva-prashina-7-te-najchudni-piva-vo-svetot-06.jpg

6. Пиво старо 45 милиони години

Веројатно момците во „Fossil Fuels Brewing Co.“ премногу пати го имаат гледано „Jurassic Park“. Тоа е единственото објаснување зад нивното 45-милиони-годишно пиво. Користејќи примероци од Еоцен периодот, тим научници успеале да извадат квасец кој може да се користи за правење пиво. Таквиот квасец прави пиво кое има овошен и малку кисел вкус.

pivo-od-mesecheva-prashina-7-te-najchudni-piva-vo-svetot-07.jpg

7. Пиво од глава и коски од прасе

Многумина знаат за правење пиво од сланина, но не баш за пиво од глава и коски на прасе. „Right Brain“ е пиварницата која го направила токму тоа и го крстиле своето пиво „Mangalitsa Pig Porter“. Резултатот е киселкаст вкус на салама кој добро одговара со чоколадниот слад. И плус, ова пиво има добиено златна награда на Американскиот Пивски Фестивал.  

pivo-od-mesecheva-prashina-7-te-najchudni-piva-vo-svetot-08.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Пред и потоа: Луѓе кои ги промениле лошите навики и целосно се трансформирале  „Пред една година, ставив крај на токсична врска и научив да се сакам себеси“. ...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg