Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Учење нов јазик: 5 совети како за кратко време да станете експерти

Учењето нов јазик е огромно постигнување. Некои велат дека е потребно трпение за да се совлада нов јазик, но дали е тоа вистина? Постои брз и едноставен начин на кој веднаш ќе се здобиете со јазични вештини, но сѐ зависи од вас и од тоа колку труд ќе вложите.

uchenje-nov-jazik-5-soveti-koi-kje-ve-pretvorat-vo-ekspert-001.jpg

Ова се неколку едноставни совети кои ќе ви помогнат да научите нов јазик брзо и правилно:

1. Учете секој ден

Најголемиот клуч се крие во учењето јазик буквално секој ден, а не неколкупати неделно. Кога учите јазик, најважното нешто на што мора да се фокусирате е повторувањето – репетиција на истото нешто одново и одново, тоа е единствениот начин комплетно да запомните одреден збор или концепт. Ако го практикувате ова, тогаш за многу краток време ќе можете од основното да преминете на покомплексни предизвици.

2. Вежбајте со соговорник

Не е доволно само да седнете да учите – мора и да зборувате за да може да научите. Ако можете да најдете начин да зборувате со локален согоровник, макар и на телефон, Skype или Viber, тоа сигурно ќе ви ги подобри разговорните способности. Нема подобар експерт за јазик од некој кој целиот свој живот го зборува тој истиот.

3. Создадете реални цели

Пробајте да ја стесните целта – наместо да си велите „Ќе научам италијански до крај на 2016-та“ пробајте да се фокусирате на неделни или месечни цели. Тие цели треба да бидат насочени кон учење на вокабулар, формирање реченици, одржување разговор и негово развивање. Овие цели се многу пореалистични и ќе направат да се чувствувате како да сте постигнале нешто, а со тоа ќе имате постојана мотивација да се трудите што е можно повеќе.

4. Пробајте да го користите јазикот при правење на секојдневни активности

Без разлика дали гледате телевизија или пишувате список за купување, пробајте да го правите тоа на јазикот кој го учите. Дури тоа може да го правите и кога читате книги или слушате радио – тие се од голема помош. Целта на ова е да видите како се користи јазикот во секојдневниот живот.

5. Не грижете се ако згрешите

Не оставајте стравот од кажување на погрешното нешто да го засени вашиот напредок. Всушност, најдобриот начин да созреете е преку правењето грешки. Можеби ќе го насмеете локалниот соговорник, но лесно е да му кажете дека вие сѐ уште учите. Никој не очекува веднаш да бидете совршени. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg