Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


40 мисли заради кои навечер не можеме да заспиеме

Познато ни е на сите - надвор е темно, вие сте во кревет, покриени и облечени како секоја вечер, но овој пат една работа е различна - изброивте милион овци, сите пријатели со кои се допишувавте заспаа, а вас сонот никако не ви доаѓа.

40-misli-zaradi-koi-navecer-ne-mozeme-da-zaspieme-01.jpg

На што мислиме? Што ни текнува од секунда во секунда? Каков е текот на една ваква непроспиена ноќ?

Ќе сфатите дека не сте сами:

1. Ја затворив вратата?

2. Ако заспијам сега, ќе имам 6 часа и 17 минути за спиење.

3. Што е со галамата? Од каде доаѓа?

4. А, можеби е мачката.

5. Не, мачката еве ја до мене.

6. Тогаш, кој е?

7. Ух, топло ми е.

8. Бррр, ладничко е.

9. Чувствувам како ми потекуваат очите.

10. Којзнае како ќе изгледам утре.

11. Ама што беше со звукот пред малце?

12. Ќе го земам телефонот и ќе спијам со него за секој случај.

13. Што има на Инстаграм?

14. Чекај, Фејсбук на брзина...

15. О, нова порака!

16. Ако заспијам сега, ќе имама 5 часа и 32 минути сон.

17. Го наместив алармот?

18. Што ако не ми заѕвони?

19. Ооо, ладната страна од перницата.

20. Неее! Што ми го допира рамото? Пајак?!

21. Ух не, косата.

22. Може треба да се ишишам.

23. Којзнае колку ќе ме чини фризурата што ја гледав вчера на слика.

24. Можеби самата треба да се ишишам?

25. Не, тоа беше лоша идеја последниот пат.

26. Како се викаше оној филмон со девојката со совршена коса?

27. Кој да прашам...

28. Нема, сите спијат.

29. Некој онлајн? Нема.

30. Од каде слушам сирена? Некаде има пожар?

31. Се прашувам, колку од пријателите ми спијат сега.

32. Ми треба нов душек. Под итно!

33. Чекај, ќе се свртам на стомакот.

34. Не можам да дишам, ќе спијам на грб.

35. Лежам цели два саати. Можев да направам нешто попаметно.

36. Ми се јаде.

37. Треба да и се јавам на баба утре.

38. Нема да издржам до појадокот, ми се јаде сега.

39. НЕ! Ако заспиеш сега ќе имаш 4 часа сон.

40. По ѓаволите! *** Лаптопот е отворен.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Доби милиони од пејачот, па исчезна: Што се случи со детето кое прво го обвини Мајкл Џексон за силув... Додека беше тинејџер, Џордан Чендлер доби 23 милиони долари од Мајкл Џексон, как...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg