20 ментални бариери од кои треба да се ослободите

Замислете дека летате во балон - само вие и вашите лични предмети во кутија. Мирно летате во височините сè додека наеднаш не почнете брзо да губите брзина и височина и да почнете да паѓате надолу.

20-mentalni-barieri-od-koi-treba-da-se-oslobodite-01.jpg

Со таквото брзо паѓање надолу за помалку од 10 минути знаете дека ќе удрите на земја и морате да најдете брзо решение како да ја избегнете несреќата.

Единственото брзо решение е да се ослободите од тежината, а тоа значи да фрлите барем половина од вашите лични предмети. Гледате во работите и неколку секунди се двоумите, но потоа започнувате да ги фрлате работите кои сте ги собирале целиот ваш живот.

Товарот станува сè полесен и полека, но сигурни, започнувате повторно да летате.

Ова ни се случува на сите, барем еднаш во животот - станувате приврзани за одредени работи во текот на животот - некои од тие работи имаат сентиментална вредност, а други практична. Други пак, се само непотребни работи.

Ако се најдевте во балон кои од овие ментални бариери веднаш, без двоумење, ќе ги фрлевте?

1. Ослободете се од работите за кои сте приврзани

Се поврзуваме со секакви работи, дури и со најчудните сфаќања и ставови. Приврзани сте за нешто? Колку силно? Дали нешто ве држи настрана од работите кои сакате да ви се случат во животот? Погледнете право во себе и заборавете на илузиите.

2. Ослободете се од грижата на совест

Грижата на совест нема никаква корист. Што може да реши таа? Само ве држи затворени во негативно размислување и тага.

3. Ослободете се од негативното мислење

Песимистичките мисли и негативните ставови ве држат затворени во темнина и влијаат на сè што ќе направите во животот, но и на се што ќе се откажете. Имајте на ум дека вашите мисли имаат моќ да привлечат позитивни или негативни работи во вашиот живот.

4. Ослободете се од критиките кон себе

Честопати самите ние сме си најголем критичар - се критикуваме себеси за работите кои сме ги направиле, за работите кои не сме успеале да ги направиме, а понекогаш, знаеме и да претераме во тоа. Бидете нежни и внимателни со себе.

5. Ослободете се од предрасудите

Предрасудите од вас прават огорчена личност која е полна со омраза кон другите, светот, па и себе. Предрасудите ги ограничуваат вашите можности да се поврзете со другите.

6. Ослободете се од компулсивното размислување

Дали и понатаму продолжувате да правите некои работи кои знаете дека ви штетат и ги правите без посебна причина? Време е да седнете и добро да размислите од кои однесувања треба да се ослободите.

7. Ослободете се од потребата да се покажете и докажете пред другите

Често бараме другите да го одобрат она што го правиме, да добиеме пофалба или критика. Но така, само си наштетувате на вашата автентичност и си ја намалувате самодовербата.

8. Ослободете се од верувањата кои ве ограничуваат

Животот не треба да ви биде дефиниран од ограничувања и погрешни убедувања и верувања. Научете како да ги идентификувате овие ограничувачки верувања и ослободете се од нив.

9. Ослободете се од непријатните емоции

Непријатните емоции се лоши за вашето срце. Држете ги доволно долго затворени во вас и дури и вашето здравје ќе почнете да си го оштетувате. Земете го како пример гневот, ако го држите доволно долго, сериозно може да наштети на вашиот кардиоваскуларен систем.

10. Ослободете се од ставот „утре ќе средам...“

Одложувањето како тактика е несвесно саботирање кое ве оддалечува од вашите цели. Бидете свесни за ова и намерно терајте се себеси работите да ги завршите тогаш кога ви се зададени, без одложување.

11. Ослободете се од анксиозните мисли

Анксиозните мисли се раѓаат од стравот од непознатото од несигурноста на иднината. Но, не постои човек кој знае што точно ќе му се случи во иднината, па негативните емоции кои само дополнително го зголемуваат вашиот страв, не ви користат напротив, само ви штетат и ве ограничуваат.

12. Ослободете се од лошите искуства кога срцето ви било скршено

Скршеното срце бара време да се излечи, раните да зараснат, но истите кога тогаш мораат да зараснат. Загубата се случила, потребно е да научите нешто од неа и да заборавите на неа.

13. Ослободете се од лошите сеќавања

Понекогаш ни се случува да се присетиме на некои лоши работи, случки од минатото, непријатни моменти кои будат и непријатни емоции, но истите треба да ги чувате онаму од каде доаѓаат - минатото.

14. Ослободете се од лошото друштво

Исто така, се приврзуваме и за одредени материјални работи, непотребни предмети - поедноставете си го животот и исфрлете ги од домот сите непотребни работи.

15. Ослободете се од непотребните работи

Ако имате покрај себе токсични луѓе, луѓе кои се љубоморни, песимистични или сакаат да ве контролираат, време е да ги избришете од вашиот живот.

16. Ослободете се од идејата дека сте производ на вашето минато

Поголемиот дел од нас веруваат дека се производ на минатото, дека моменталните мисли и однесувања се одредени од минатите искуства, но ова само ги ограничува идните можности.

17. Ослободете се од вашиот идентитет кој е поврзан со професијата

Ризик на модерниот живот - целиот ваш живот да го идентификувате од вашата професија, но тоа само ве трга настрана од вашата вистинска природа.

18. Ослободете се од штетните навики

Станува збор за опструктивни и деструктивни однесувања и навики кои само ве спречуваат да бидете продуктивни. Може да станува збор буквално за сè од гледање предолго телевизија, до прејадување. Ослободете се од навиките кои знаете дека ви штетат.

19. Ослободете се од работите кои секогаш си ги земате при срце

Многу често сме навредени и повредени, бидејќи туѓите зборови ги интерпретираме премногу лично и се иритираме, завршуваме повредни и разочарани. Не ги земајте работите при срце, некои работи треба да бидат заборавени или игнорирани.

20. Ослободете се од идејата дека часовникот отчукува

Времето е нашиот најголем извор на стрес. Не времето прецизно, туку тоа каква перцепција имаме за него. Научете како да се концентрирате на моментот, на сегашните ситуации и престанете да размислувате за тоа како немате време да живеете во иднината.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg