Шегаџии ставиле очила на подот на еден музеј, а посетителите помислиле дека е уметност
Неколку тинејџери од Сан Франциско предизвикаа вистински спектакл откако ставиле пар очила на подот на еден музеј на уметноста.
Посетителите на галеријата, збунети и зачудени, не биле сигурни за што точно станува збор, но набрзо потоа сите претпоставиле дека станува збор за дело кое припаѓа на модерната уметност и започнале да го фотографираат „ремек-делото“.
Шегаџиите кои на Твитер се познати како @TJCruda и @k_vinnn се одлучиле за овој потег откако не биле воодушевени од тоа што има да понуди Музејот на модерната уметност во Сан Франциско.
По само неколку минути откако ги поставиле очилата на подот посетителите започнале да го гледаат делото и да размислуваат за метафизичката смисла на истото.
Не е ни чудно што делото на шегаџиите стана вирална сензација која само по неколку минути од споделувањето беше прегледана над 40.000 пати:
Н. Г. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





