Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Навика која открива какви сте - Спиете со или без чорапи?

На светот постојат два типа на луѓе, оние кои не можат да легнат во кревет без чорапи и оние кои никако не можат да ја поднесат топлината на чорапите под дебелата постелнина. Па, според тоа, постојат и два типа на личности со различни карактери.

so-corapi-ili-bez-shto-otkriva-nacinot-na-spienje-za-vas-01.jpg

На која група припаѓате?

Оние кои не можат да заспијат без чорапи

Ако носите чорапи во кревет тоа е така најверојатно затоа што сте чувствителни на студенилото. Но, исто така, тоа може да биде поврзано и со неколку физички карактеристики во кои е вклучена дебелината на вашата кожа и колку ви е брз метаболизмот.

Луѓето со бавен метаболизам имаат слаба циркулација на крвта и студеното им влијае понепријатно отколку на оние со брз метаболизам.

Покрај физичките карактеристики, луѓето кои обожаваат да носат чорапи додека спијат, се одликуваат и со неколку ментални карактеристики.

Овие типови на луѓе имаат потреба да бидат заштитени, секогаш се во потрага по градење на длабоки и интимни врски, обожаваат прегратки и изразување на емоциите.

so-corapi-ili-bez-shto-otkriva-nacinot-na-spienje-za-vas1.jpg

Оние кои не можат да заспијат ако носат чорапи

Ако не можете да ја толерирате ни самата помисла да носите чорапи додека спиете, тоа е така веројатно затоа што имате брз метаболизам, добра циркулација или подебела кожа.

Вие имате биолошка предиспозиција сами да создавате топлина, па не ви е потребно парче облека да го прави тоа за вас.

Покрај овие физички карактеристики, за вашата навика се врзуваат и неколку психички карактеристики.

Вие сте личност која ја цени својата индивидуалност, која нема проблем да биде сама со себе, која има потреба од поголем личен простор.

Во врската, обично вие сте тие кои ја имаат улогата на заштитник.

so-corapi-ili-bez-shto-otkriva-nacinot-na-spienje-za-vas-02.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сигурни знаци дека некој ве лаже, според ФБИ агент Кои знаци може да ги разоткријат личностите што се обидуваат да ве излажат? На к...
13 работи кои ги правите на доктор, а не треба (не се според бон-тон) Не го откажувате терминот на „Мој термин“, прашувате за здравјето на други пацие...
10 знаци дека сте личност со комплексен карактер (и многу луѓе не можат да се справат со вас) Мразите празни разговори и рутина, здодевни ви се и ве нервираат - на „Како си?“...
Pimp My Ride и уште 9 (бизарни) реални шоуа што ги гледавме на MTV во 2000-тите Се сеќавате на Simple Life, шоуто во кое богаташките Парис Хилтон и Никол Ричи п...
Совети и бон-тон правила со кои ќе ги избегнете незгодите на плажа Не оставајте дупки на плажата ако вашите деца си играле и не разменувајте нежнос...
Фрази кои несреќните луѓе несвесно си ги повторуваат „Ништо не ми оди по план, никогаш нема да бидам доволно добар/а“. „Ништо не м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg