Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Слаткарница - лабораторија: Прави сладолед со течен азот

Магазинот Times ja номинираше за „Најдобра слаткарница во Англија“. Списанието Observer ја нарече „Иднината на сладоледот“.

slatkarnica-laboratorija-pravi-sladoled-od-tecen-azot-01.jpg

Лоцирана во Камден Таун во Лондон, запознајте се со слаткарницата која се нарекува Чин Чин лабораторија за сладолед („Chin Chin Labs“), со сосема добра причина.

ice-cream-1024x768.jpeg

Момците кои работат во „Chin Chin Labs“ се облечени во бели лабораториски мантили и очила, кои прават да изгледаат како вистински научници.

Тие се дел од првата лабораториска слаткарница во Европа која работи со течен азот, а целото искуство е магично, бидејќи се случува пред вашите очи.

scientists-1024x768.jpeg

Замислете крем по ваш вкус кој само за неколку секунди се замрзнува под дејство на азот и се сервира во неодоливо вкусна порција сладолед.

Посетителите велат дека она што се случува во „Chin Chin Labs“ е спектакуларно доживување, а со првата лажичка сладолед која ќе ја вкусите ќе доживеете експлозија во устата – мазна структура на сладолед со сензационален вкус.

bulbs.jpeg

Основниот ванила сладолед се прави од природни ванила семиња, додека чоколадниот содржи дури 80% какао.

Додатоците како карамела, сос од малина, зашеќерени переци, бело чоколадо или шампањско во прав, сепак зависат од вкусот на клиентите.

Едно е сигурно - божествено сладок мирис се развива во воздухот на Чин Чин лабораторијата за сладолед, која нема да остави рамнодушен ниту еден зависник од сладолед.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 искрени детски одговори кои ќе ве насмеат (и заслужуваат медал за досетливост) Понекогаш децата кажуваат работи кои им се само ним логични. И тоа го прават тол...
Трикови за кул фотки: 7 фото-споредби како не треба, а како треба да позирате Како да изгледате совршено на фотографиите? Корисни трикови за позирање од герма...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
Купувате оригинал или копија - како да препознаете преку логото на светските брендови? На оригиналните производи на Burberry, помеѓу црните и белите ленти, има са...
8 мали навики со кои ги нервирате другите, а не сте свесни за тоа Дали некогаш сте влегле во соба, сте се поздравиле со некого и не сте ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg