Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Дали се сакате себеси: 4 знаци кои ви ја откриваат вистината

Сосема е нормално одвреме-навреме да имате негативни чувства кон себеси, но дали само денови се во прашање или станува збор за некој поголем проблем?

dali-se-sakate-sebesi-ovie-4-znaci-koi-vi-ja-otkrivaat-vistinata-01.jpg

Прочитајте ги знаците кои кажуваат дали навистина се сакате себеси:

 

1. Постојано зборувате негативно за себе

Ваквото однесување може длабоко да ја оштети вашата самодоверба и освен што се чувствувате лошо, може да доведе и до деструктивни последици – зависностите. Негативното зборување за себеси игра примарна улога во омразата кон себеси.

Кога не се грижите за себе вие повеќе се критикувате, очекувате совршенство и сте строги кон себеси. Иако можеби имате тенденција да бидете строги поради вашата перфекционистичка природа, мора да внимавате на разликата помеѓу високи стандардни и непотребна негативност.

Ако не сте сигурни дали зборувате негативно за себе, тогаш еве пример од вообичаено однесување:

Личноста кажува шега или прашува прашање и потоа поради негативното размислување кон себеси, подоцна се убедува дека другата страна се навредила. Следуваат напади на паника и анксиозност, убедување дека она што го кажала е глупаво и потоа непотребно извинување.


2. Избегнувате конфликт и не се браните себеси

Кога не се сакате себеси доволно, можеби сметате дека не можете да бидете сакани. Поради ова, не се браните себеси и избегнувате конфликти – особено во врските. Исто така, ако не се согласувате со партнерот и ги искажете вашите мисли, веднаш го повлекувате кажаното или го објаснувате она што „навистина сте го мислеле“.


3. На негативен начин се обидувате да ја пополните празнината

Ако имате ниска самодоверба, тогаш може да се свртите кон алкохолот, дрогата, коцката, сексот или мноштвото други негативни однесувања за да ја пополните празнината во вашиот живот. Ако сметате дека имате проблем со некоја супстанција или однесување, тогаш голема е веројатноста тоа да е така. Во таквиот случај, побарајте помош од стручни лица или од пријателите и семејството.


4. Се задоволувате со помалку од она што заслужувате

Заглавени сте во работа која ја мразите, но сметате дека не можете да најдете друга работа? Во врска сте со некој кој прави да се чувствувате недоволно сакани или дури малтретирани, но мислите дека не можете да најдете подобра личност? Го прикривате негативното однесување на партнерот (зависност, малтретирање и сл.) затоа што се плашите дека луѓето ќе ве охрабруваат да го напуштите, а вие не можете да бидете сами?

Ако одговорот на сите овие прашања е „да“ тогаш вие се задоволувате со помалку од она што вистински го заслужувате. Вистина, не е лесно да го промените начинот на размислување, но така ќе станете поздрави и посреќни. Сакањето себеси бара време, но не е невозможно. Ако ви се потребни служби за советување, тогаш слободно побарајте нивна помош. Нема ништо срамотно во барањето помош. Кога ќе започнете да се чувствувате убаво за себеси тогаш ќе имате слобода и ќе бидете среќни – а таков ќе ви биде и животот.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 соседи кои како да се излезени од рајот (ќе посакате и вие такви) „Мојот глувонем сосед неколку дена се врткаше низ дворот, а ние мислевме дека пр...
Магијата на женското пријателство: Илустрации кои ќе ги разберат само најдобрите пријателки Од детска игра, до заеднички подготовки за излегување во младоста, преспивања ед...
Пет работи кои им се забранети на жените во Северна Кореја Мажените жени имаат право само на една фризура и никаде не се продаваат влошки и...
11 вистински фотки кои делуваат како да излегле од виртуелна реалност Некои работи се пред нас, а сепак мора да ги протриеме очите за да се осигуриме ...
Исповед на еден нарцисоиден маж: „Сакам да бидам сакан, но не ме привлекуваат тие што ме сакаат“ „Јас сум студена, себична личност без срце. Немам сочувство кон другите, се гриж...
10 бонтон правила за културно однесување во хотел (кои секој треба да ги знае) Правило број 1: Бидете тивки додека минувате низ ходниците, со зборувањето гласн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg