Како стареете, сè помалку луѓе пуштате во вашиот живот: 4 причини зошто тоа е сосема во ред

Луѓето влегуваат во вашиот живот, многу често како изненадување, но речиси со иста количина на изненадување, знаат и да излезат од него.

kako-sto-stareete-se-pomalku-luge-pustate-vo-vasiot-zivot-4-pricini-zosto-toa-e-sosema-vo-red-01.jpg

Заради некои ви е жал, затоа што мислевте дека нема да дојде ден кога веќе нема да ги гледате. Сепак, со текот на години сфаќате дека да вредело - ќе траело.

Па, како што стареете сè помалку лица пуштате во вашиот живот и тоа е сосема во ред од 4 причини:

1. Како што стареете, помалку трпите

Кога сте млади, често имате порив да бидете пријатели со сите. Премногу се грижите што мислат за вас. Тогаш тешко ќе препознаете дека другите ве газат и едноставно се погрешни за вас.

Како што станувате постари, се помалку сте подготвени да толерирате глупости. Немате време за незрели и непромислени постапки, па дури и ако тоа значи дека веќе нема да се гледате со луѓето кои некогаш сте ги гледале секојдневно.

2. Како што стареете, помалку се трудите да создадете нови пријателства

Во животот секој доаѓа до точка која стекнувањето на нови пријателства не му е на листата на приоритети. Ни од близу. Дотогаш веќе јасно знаете на кои луѓе можете да се потпрете.

Не, не сте песимистични и депресивни, едноставно немате време за луѓе кои ви се нешто помалку од пријатели.

3. Колку што сте постари, толку помалку им верувате на луѓето

Заради тоа што бевте изненадени со каква леснотија луѓето можат да ве напуштат. Дури и оние кои ги сметавте за квалитетни и вредни. Тоа веројатно бил моментот кога сте ги отвориле очите, но за сметка на тоа сте го затвориле срцето.

4. Колку што сте постари, сè помалку ги ставате другите пред себе

Кога ќе престанете да се грижите за другите луѓе и ќе почнете да се сакате себеси, тогаш почнувате да се менувате на подобро. Тогаш престанувате да ги задоволувате другите како би се задоволиле себе. А, многу лажни „пријателства“ пукаат токму тогаш кога ќе престанат работите да им се во полза.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
Низ илустрации: Луѓе кои ни ја разбиваат монотоноста во животот (и сите сме ги сретнале) Луѓе кои лажат и мислат дека им веруваме, но и луѓе кои „паѓаат“ на сите пирамид...
Џон Ленон фотографиран со неговиот убиец и уште 14 фотографии од кои ќе ве полазат морници Војник со посттрауматски стрес на бојно поле, алатите што ги користел озлогласен...
Крпење чорапи, штиркање - Работи кои сите домаќинки во Југославија ги правеле, а денес не ни паѓаат ... Вриеле облека на шпорет, штиркале, крпеле чорапи... Дали вашите мајки или баби п...
Стари македонски имиња за девојчиња со убаво значење Трендовите се менуваат од година во година, но многумина се прашуваат - каде исч...
Низ илустрации: Луѓе од кои треба да се држите настрана Луѓе кои не ве почитуваат кога не им требате, но и луѓе кои постојано се негатив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg