17 лажни убедувања од кои треба да се ослободите во 20-тите години

Подготвени за нови подвизи, веруваме дека сме на почетокот од нашиот живот и дека ништо не може да наиде на нашиот пат и да биде доволно силна препрека за да не спречи да го живееме животот од соништата.

17-lazni-ubeduvanja-od-koi-treba-da-se-oslobodit-evo-20tite-01.jpg

Но, реалноста не е таква, без разлика на тоа колку книги ќе ви го кажат тоа.

Важно е да се соочите со реалноста и што поскоро да се ослободите од неколку илузии и лажни убедувања:

1. Дека сте неверојатни

Неверојатните луѓе се ретки, но тоа не значи дека треба да се откажете од вашиот потенција. Напротив, само да се ослободите од лажните идеали и да се прифатите онакви какви што сте. Научени сме дека тоа „еден во милион“ важи за сите оние кои напорно и вредно работат, но тоа не е крајна цел на секој човек

2. Дека сте на почетокот од вашиот живот

Во животот не знаете што ве очекува, па според тоа, не значи дека треба да мислите дека го имате цел живот пред вас за остварување на целите и соништата и живеење на исполнет живот.

3. Дека вашите грешки лесно можат да бидат простени, а карактерот дека ви е посебен

Верувањето дека сте помалку виновни и одговорни за вашите грешки и дека имате повеќе доблести само ве тераат да бидете малечки и нереални. Ако не преземете одговорност за вашите постапки, многу поголема е веројатноста дека повторно ќе ги направите истите грешки.

4. Дека буквално можете да бидете што ќе посакате

Ако немате интелигенција за научник, нема да можете да бидете научник - едноставно е и колку навремено го прифатите тоа, толку подобро за вас. Нема да живеете во лажни идеи, туку ќе најдете кариера во која навистина ќе можете да успеете.

5. Дека можете лесно да се соочите со болката

Не можете да ја надминете болката, ниту игнорирате. Така, само ги избегнувате проблемите, кога најдоброто решение е да се соочите со болката и што поскоро да ја прифатите.

6. Дека љубовта е нешто што треба да го добиете од другите луѓе

Се обидувате да најдете идеален партнер кој безгранично ќе ве сака, родители кои ќе ви бидат најголема поддршка за сè во животот, пријатели кои секогаш ќе бидат покрај вас. Но, каде сте вие во равенката? Ако сакате љубов, треба и да ја давате.

7. Дека интензитетот на емоциите се доказ дека некоја работа е „судена“

Тоа колкав интензитет на емоции имате во моментот во вас не е еднакво со тоа дека работите едноставно се „судени“ да се случат. Повеќето луѓе имаат силни чувства дека ќе станат познати, но тоа не се случува. Некои луѓе сакаат со сето срце, а повторно на крајот, бракот им завршува со развод.

8. Дека ако доволно долго работите на себе, нема да имате проблеми

Ако доволно долго работите на себе, само ќе сфатите од каде потекнуваат проблемите.

9. Дека можете да го контролирате тоа како луѓето размислуваат за вас

Можете да контролирате како другите ќе се однесуваат со вас, но не можете да контролирате како ќе размислуваат за вас.

10. Дека напорниот труд гарантира успех

Ако сте замислите одреден краен резултат од вашата напорна работа, најголема е веројатноста дека ќе завршите разочарани. Поентата на напорната работа е да откриете каква личност ве прави, а не што ќе ви даде.

11. Дека вашите ставови ќе се променат кога ќе се променат и околностите

Повеќето луѓе претпоставуваат дека кога ќе најдат некој што ги сака ќе го променат ставот кој го имаат за љубовта или откако ќе ги добијат парите, ќе го променат и начинот на кој се однесуваат со нив. Реалноста е сосема спротивна само тогаш кога ќе ги промените ставовите ќе можете да ги промените и околностите.

12. Дека другите луѓе се одговорни за вашите емоции

Не треба да дозволите другите да ве навредат или повредат. Секој има различни мислења и ставови и нормално е во одреден период истите да се судрат со вашите.

13. Дека вистинската личност ќе дојде во вистинскиот момент

Нема да бидете подготвени кога ќе наиде љубовта на вашиот живот, ниту кога случајно ќе наидете на работата од соништата, ниту кога ќе треба да купите дом или да имате дете или тогаш кога е време да се откажете од работата и да почнете да пишувате книга. Ако чекате да бидете подготвени за нешто, ќе чекате засекогаш.

14. Дека можете да ја одложите вашата среќа или да ја штедите како пари во банка

Луѓето постојано се обидуваат да ја одложат среќата. Чекаат да решат уште еден проблем за потоа да бидат среќни, но реалноста е дека среќата можете да ја почувствувате или сега во овој момент или трајно ќе си замине.

15. Дека анксиозноста и негативните мисли можете да ги контролирате

На никого не му се допаѓа кога е под притисок, кога има негативни мисли или кога е толку под стрес што почнува и да биде анксиозен. Но, тоа се емоции од кои не можете да избегате, само да се соочите.

16. Дека ако се фокусирате само на вашите потреби ќе бидете најсреќни

Независноста и насоченоста кон сопствените цели се само еден де од вашата среќа.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
6 совети за совршени Инстаграм фотки на плажа Кога е многу сончево, поради силната светлина не можете да ја добиете совршената...
Жените се грижат за парите, си го тетовираат лицето: Факти за племето Рабари од Индија Жените во ова племе го имаат главниот збор што се однесува до финасиите. Мажите ...
Брчки, здебелени, со седа коса - Како би изгледале денес починатите познати личности? Мерилин Монро, Витни Хјустон, Робин Вилијамс - малку бизарна, но интересна можно...
Која е жената која е инспирација за Роуз од „Титаник“? Беатрис била заљубена во индиски научник но уште на почетокот на врската знаела ...
Кога дизајнерите ќе претераат со креативност – смешни и неупотребливи предмети (фото) Бизарни украси кои чинат цело богатство и мијалник кој изгледа добро, но ќе треб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg