Уличната уметност во Африка – Слончиња кои носат среќа и надеж
Графити уметникот Фалко од Кејп Таун, Јужна Африка, во периодот од 13-ти мај до 31-ви октомври минатата година, го насликал својот пат низ оваа земја. Неговото уметничко платно биле ѕидови на куќи, напуштени карабини, па дури и контејнери.
Неговата мисија - да ја промени перцепцијата на локалното население за вредноста на нештата.
Проектот, наречен „Беше еднаш еден град“, е фотографиран од Лука Даниел.
„Додадете малку боја и тоа не повеќе само една разурната колиба“ - изјавил Фалко.
„Тоа е колиба со уметничко дело на неа, дел од една голема уметничка галерија под отворено небо. Ја менува перцепцијата на сите“.
Што се однесува на прашањето зошто ги одбрал токму слоновите за негов заштитен знак, Фалко не дава јасен одговор, но гледајќи ги неговите улични уметнички дела, мора да признаеме дека се неверојатно позитивни, внесувајќи шаренило и живост во градот.
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:





