Педофилска мрежа во Ватикан, италијанска мафија: Што се случило со Емануела Орланди, која исчезнала пред 40 години?
Од италијанската мафија, до секс скандал и уценување на папата, постојат безброј теории за исчезнувањето на Емануела Орланди од Ватикан, на која ѝ се губи секаква трага пред 40 години.
Исчезнувањето на Емануела Орланди е еден од најпознатите случаи во Италија кој своевремено го привлекувал вниманието на целиот свет.
Цели 40 години подоцна, случајот нема разрешница, но семејството на Емануела е убедено дека папата и луѓето во највисоките редови на Ватикан знаат што ѝ се случило.
Што знаеме за случајот кој останува мистерија скоро половина век?
Емануела Орланди живеела во Ватикан со родителите, двете сестри и брат ѝ.
Татко ѝ бил службеник во резиденцијата на папата, а нејзиното семејство со генерации наназад било едно од ретките кои живеат во Ватикан.
Семејството на Емануела со папата Јован Павле Втори
Трипати неделно, Емануела одела на час по флејта во музичко училиште лоцирано на територијата на Рим, но во непосредна близина на портите од Ватикан.
Како што подоцна им изјавено брат ѝ Пиетро, биле убедени дека живеат на најбезбедното место во светот, не само поради обезбедувањето, туку и поради фактот што на полноќ, портите на Ватикан се затвораат.
Но, на 22-ри јуни 1983-та, тогаш 15-годишната Емануела отишла на час по флејта и оттогаш ѝ се губи секаква трага.
По завршувањето на часот, Емануела ѝ се јавила на сестра ѝ. Тогаш ѝ рекла дека ѝ пришол некој маж кој се претставил како продавач на Avon, па ѝ понудил работа.
Емануела се договорила да се сретне со сестра ѝ во близина на училиштето за да разговараат и за понудата за работа, но девојката воопшто не се појавила на договореното место.
Кога се стемнило, а Емануела не се вратила дома, нејзиното семејство се загрижило и почнале дa ја бараат низ Ватикан и околината на музичкото училиште.
Отишле и во полиција, но оттаму им рекле дека е премногу рано да биде прогласена за исчезната личност.
Сепак, веќе следниот ден била прогласена за исчезната, а низ Ватикан и Рим биле поставени постери со нејзина фотографија, заедно со телефонскиот број на нејзиното семејство.
Тие веднаш почнале да добиваат телефонски повици од луѓе кои тврделе дека ја виделе Емануела.
Повеќето биле лажни дојави, но два повика го привлекле вниманието и на полицијата.
На 25-ти јуни им се јавил маж кој се претставил како Пиерлуџи – им рекол дека ја видел Емануела во Рим и им кажал што носела.
Додал и дека се претставувала како Барбара, а не Емануела и дека избегала од дома за да продава продукти на Avon - нешто што се совпаѓало со телефонскиот разговор на Емануела и сестра ѝ.
Сите овие детали ја натерале полицијата да поверува во неговите зборови.
На 28-ми јуни добиле уште еден повик, но од друг маж, кој им кажал нешто слично – запознал млада девојка која личела на Емануела, но која се претставувала како Барбара и избегала од дома.
Тој тврдел и дека ја видел девојката во близина на нејзиното музичко училиште.
Областа каде што се наоѓа музичкото училиште во коешто одела Емануела
По некое време полицајците успеале да најдат еден од мажите кој се јавувал и тој тврдел дека учествувал во киднапирањето на Емануела.
Но, доказите што ги имале покажувале дека најверојатно лаже.
Повиците не помогнале во решавањето на случајот, туку само отвориле безброј други прашања и низ годините се појавиле безброј теории.
Брат ѝ на Емануела