Педофилска мрежа во Ватикан, италијанска мафија: Што се случило со Емануела Орланди, која исчезнала пред 40 години?
Две години пред киднапирањето на Емануела, маж од Турција пробал да изврши атентат на папата - го застрелал, но не го убил.
Мажот бил затворен, а по две години, еден од јавувачите во семејството на Емануела тврдел дека таа е киднапирана за уценување.
Односно, им рекол дека Емануела ќе биде ослободена само ако биде ослободен и напаѓачот на папата.
Папата Јован Павле Втори
Поради ова, се појавила теорија дека во целото киднапирање е вмешана терористичка група од Турција.
Но, ова никогаш не е потврдено.
Папата Јован Павле Втори зборува со атентаторот, по неговото затворање
Според друга теорија, Емануела можеби била киднапирана од италијанската мафија.
Оваа теорија се поврзува со лидер на огранок на мафијата, Енрико де Педис.
Според теоријата, Енрико му позајмувал многу пари на Ватикан. Но, бидејќи сега ги сакал назад, решил да киднапира девојка од Ватикан и да ја користи за уценување.
Оваа теорија е поткрепена од сведоштвото на Сабрина Минарди која му била девојка на Енрико во периодот на киднапирањето.
Сабрина сведочи неколку години по киднапирањето, но тврди дека кога Емануела била киднапирана, таа се грижела за неа бидејќи ја криеле во нејзина куќа.
Иако надлежните верувале дека Сабрина ја кажува вистината, сепак до денес нема доволно докази дека мафијата стои зад киднапирањето.
Можеби највознемирувачката теорија е дека Емануела е киднапирана од страна на Ватикан и искористена како секс робинка.
Низ годините, Ватикан се има соочено со безброј слични обвиненија, особено за педофилија и сексуална злоупотреба на млади момчиња.
Според теоријата, Емануела, како многу други млади девојки, била киднапирана, а потоа присилувана на односи на забави кои биле организирани од луѓе од високите е рангови на Ватикан.
На овие забави присуствувале и разни моќни луѓе од целиот свет.
Она што ја прави теоријата кредибилна е фактот дека потекнува од поранешен соработник на папата – свештеникот Габриел Аморт.
„Ова е злодело со сексуален мотив. Се организираа забави, а жандермаријата во Ватикан беше задолжена за регрутирањето на девојките.
Верувам дека Емануела има завршено како жртва на оваа мрежа“.
Луѓе држат флаери со ликот на Емануела за време на обраќање на папата на плоштадот Св. Петар во Ватикан
Низ годините, семејство и надлежните добиле уште бројни дојави.
Во 2018 година, во Ватикан беа пронајдени човечки останки на имот на кој почнале градежни работи.
Тогаш семејство се надевало дека конечно ја нашле Емануела, но ДНК анализата покажала дека коските не се нејзини.
Експерти на местото каде што биле откриени коските
Во 2019-та, пак, адвокатката на семејството добила писмо со фотографија од надгробна плоча со скулптура на ангел. Во писмото пишувало да бараат „таму каде што гледа ангелот“.
Надлежните брзо го лоцирале гробот кој е спомнат во писмото, ја тргнале надлежната плоча и откриле широка подземна гробница.
Но, внатре била празна, па сите дошле со заклучок дека писмото веројатно е сурова шега.
Луѓе во Рим собрани во чест на Емануела
И денес, 40 години подоцна, случајот на Емануела останува отворен, иако семејството вели дека се надева дека ќе го најде барем нејзиното тело, за да можат да ја погребат.
Спирова С. | Црнобело