Најразлични добри и лоши манири низ светот
Седи исправено. Секогаш вели благодарам. Не ги ставај лактите на масата... итн. Но, некогаш кога сте надвор од својата земја, работите можат малку да се искомплицираат.
Еве некои примери како различни култури различно ги прават истите работи.
1. Во Кина, кога човек ќе ждригне за време на јадење се смета за голем комплимент за готвачот, тоа значи дека човек ужива во јадењето.
2. Во повеќето од земјите на Средниот и Далечниот Исток, се смета за навреда ако ги покажуваш своите стапала.
3. Во Азиските земји, бизнис картицата се смета за доградба на личноста која ја поседува, затоа ако лицето кое ја прима картицата не покаже некава почит кон картицата (пример доколку ја стави во џеб без да ја погледне, или напише нешто на неа), истовремено покажува непочит кон личноста која му ја дава.
4. Во Норвешка, САД и Британија, кога некому посилно ќе му ја стснеш раката кога се ракуваш со тоа покажуваш почит, додека на Истокот односно на Филипините, тоа се гледа како знак на агресија.
5. Ортодоксните Евреи не смеат да се ракуваат со лица од спротивен пол. Додека Муслиманките не смеат да се ракуваат со мажи. А за да биде уште позбунувачки, мажите – Муслимани можат да се ракуваат само со жени што не се муслиманки.
6. Во Кина кога јадете некој оброк, не настојувајте да ја “исчистите” чинијата само за да покажете почит кон домаќинот. Ќе биде многу некултурно од страна на домаќинот доколку тој повторно не ви ја наполни чинијата. Затоа, оставете малку храна на вашата чинија како едно признание за дарежливоста на домаќинот.
7. Во Јапонија и Кореа, советот се смета за навреда, и за нив, прифаќање на совет е слично на молење.
8. Океј знакот, што го правиме со нашата рака (подигнат палец), во Германија и во поголемиот дел од Јужна Африка, се смета за навреда, тоа би било исто како во САД кога го погажуваш средниот прст. Додека во Турција со овој гест се покажува дека некој е хомосексуалец.
9. Во Грција, било кој гест кој го правите со покажување на дланката е крајно навредливо. Тука спаѓа и стоп знакот што го правиме со дланката. Ако саката да мафнете на некој за збогум во Грција, направете го тоа со дланката ваша насочена кон вас, слично како што кралицата ги поздравува луѓето.
10. Во повеќето земји во Азија и Јужна Америка, многу е важно да ги соблечеш чевлите пред да влезеш во некој дом. Додека во Европа учтиво е да го прашаш домаќинот дали треба да се соблечат чевлите или не.
11. Во Луксембург, Швајцарија и Франција јавното џвакање на мастика се смета за крајно вулгарно, во Сингапур повеќето видови на мастики се нелегални од 1992, кога на жителите им здосади да ги вадат залепените мастики по тротоарите.
12. Во повеќето Арапски земји левата рака се смета за нечиста, и е крајно некултурно ако се подаде левата рака за ракување, исто е неучтиво доколку со левата рака подаваш храна. Бидејки додека овие луѓе порано, кога живееле во пустината немале тоалетна хартија, и ја користеле стрикно левата рака за нивните “хгиенски” потреби, а ја чистеле раката со триење во песокта.