Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


17 трикови со кои секој ден полесно ќе станувате наутро

Времето кога треба да станете од топлиот и удобен кревет никогаш не е едноставно. Токму затоа, утрата речиси секогаш и на поголемиот дел од луѓето ни се мачни.

17-trikovi-so-koi-sekoj-den-polesno-kje-stanuvate-nautro-01.jpg

Постојат неколку ефикасни трикови кои можат да ви помогнат полесно да станувате секое утро:

1. Прошетајте пред спиење. Пешачењето помага полесно да заспиете, а следното утро полесно да станете.

2. Вежбајте пред спиење. Вечерните вежби, посебно во постудените денови, се далеку поефикасни од утринските.

3. Не гледајте телевизија по 8 часот навечер.

4. Запалете миризлива свеќа пред да легнете да спиете.

5. Ветете си вкусен појадок за следното утро и гледајте да не јадете пред спиење.

6. Ако ви се спие, легнете си. Дури и да е рано. Неколку часа повеќе сон никогаш нема да ви штетат.

7. Обидете се да спиете со отворен прозор, чистиот и свеж воздух помагаат полесно да станете следното утро.

8. Алармот со кој се будите, ставете го што е можно подалеку од вас, така ќе морате да станете, а не да го притиснете копчето „snooze“.

9. Будете се со вашата омилена музика или песна или мелодија.

10. Размислувајте за тоа какви возбудливи моменти ве чекаат тој ден.

11. Движете се во кревет откако ќе се разбудите. Земете неколку длабоки вдишувања. Дајте си време пред да станете, но не премногу.

12. Замислете си големи цели кои ќе се обидете во текот на денот да ги остварите.

13. Ако сè уште ви се чини како да е темно надвор, запалете ги светлата.

14. Напијте се чаша вода пред да легнете да спиете.

15. Потоа отворете го прозорецот и земете длабок здив, ако не планирате да го оставите отворен во текот на вечерта.

16. Тренирајте го телото секој ден да легнувате во исто време и да станувате во исто време.

17. Најдобриот трик? Станете се и сетете се на важниот состанок кој го имате тој ден, со сигурност ќе заборавите на сонот.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

15 фото-докази дека Австралија е необично место за живот Австралија е прекрасен континент - убави градби, уникатна флора и фауна, дом на ...
Несреќи, бизарни трагедии: „Најпроколнатите“ богати и моќни семејства Џеки Кенеди била „вплеткана“ во две проколнати семејства – Кенеди на нејзиниот у...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Дел од најстарите фотографии во светот (кои преживеале до денес) Првата фотографија од Њујорк, кога повеќе наликувал на село, првата фотографија ...
Кои се највисоките градби на секој континент? Бурџ Халифа, со своите 828 метри, е највисоката градба во Азија, но и во светот....
10 бонтон правила за културно однесување во хотел (кои секој треба да ги знае) Правило број 1: Бидете тивки додека минувате низ ходниците, со зборувањето гласн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg