Зачувајте го овој текст и читајте го секогаш кога ве гушат негативни мисли
Животот не е лесен, секој ќе ви го потврди тоа. Но, не значи дека треба да се препуштиме на некоја магична карма или некој судбински фактор кој не можеме да го контролираме.
Напротив, работите треба да ги преземеме во свои раце и сами да се обидеме да го откорнеме плевелот кој се нарекува негативни мисли и да започнеме да живееме попозитивен и поубав живот.
Никогаш не заборавајте:
1. Животот не е лесен, ама може да биде преубав
Лесно можеме да се соочиме со низа несреќни околности за кои не сме подготвени, но и покрај тоа да продолжиме да бидеме среќни во тој „несовршен живот“. Важно е само да ја промениме перспективата. Ќе бидеме далеку поподготвени за несреќните околности ако го прифатиме едноставниот факт, дека не може да постојат животни подеми без падови.
2. Луѓето кои не разочаруваат не се ништо друго освен лекции
Оние кои влегле во нашиот живот, тука се за да не научат нешто за самите нас, но и за животот. Најголемите промени често произлегуваат од разочарувањата. Така се развиваме, растеме и во иднина носиме подобри одлуки.
3. Не можеме да го промениме минатото, но иднината да
Нас не нè одредува она што сме го направиле или што ни се случило, туку не одредува она што сме одбрале да бидеме. Својот живот можеме да го промениме, ако преземеме одговорност и активно започнеме да работиме на промени.
4. Претпоставките и предрасудите се темел на сите негативности
Наместо брзо и непромислено да донесуваме заклучоци и да правиме криви постапки, треба да живееме ден за ден и да дозволиме времето да ни ги даде одговорите кои ги бараме. Заморувањето на нашиот ум со претпоставки често носи само збунетост и непотребни фрустрации.
5. Само затоа што дошол крајот на нешто убаво, не значи дека во иднина нема да дојде нешто подобро
Нашиот живот е во постојано движење и напредок - а, заедно со него и ние. Добрите работи често доаѓаат на самиот крај, па затоа никогаш не смееме да заборавиме дека животот со сигурност ни подготвува нешто подобро во иднина, надежта никогаш не треба да го напушти нашето срце.
6. Секој ден треба да почнува со благодарност кон срцето
Треба да бидеме благодарни на здравјето кое го поседуваме, на луѓето кои ни значат и воопшто на животот, бидејќи без него воопшто и не би постоеле. Најдобар начин да се ослободиме од негативноста е да бидеме благодарни на работите кои секој ден ги земаме здраво за готово.
7. За некои работи потребно е време
Ако нешто не се случува во истиот момент, тоа не значи дека никогаш нема да се случи. Трпението е важно и мораме да веруваме дека работите ќе се случат, тогаш кога е време да се случат, а не баш тогаш кога ние сме замислиле.
8. Без мракот никогаш не би ги виделе ѕвездите
Лошите работи можат да изнудат нешто прекрасно, а нас да не направат подобра и посилна личност. Понекогаш потребна е најголемата болка за од неа да излезе нешто најдобро, баш како со ѕвездите кои можете да ги гледаме благодарение на темнината.
9. Луѓето во нашиот живот се поважни отколку што замислуваме
Дали се дружиме со личности кои не инспирираат и во нас гледаат нешто подобро или сме во близина на негативни луѓе кои дополнително ја „цицаат“ нашата енергија и те како влијае на тоа дали ќе бидеме позитивни во животот. Важно е да ги одбирате пријателите и да се трудите да го гледате позитивното во нив, баш како што и тие го гледаат во вас.
10. Само позитивниот ум може да ни овозможи позитивен живот
Негативните мисли се како плевел, расте сè додека не го искорениме. Затоа секогаш мораме да бидеме позитивни и да се фокусираме на она што можеме сами да го контролираме, да го промениме и подобриме. Сите негативни мисли треба да ги искорениме една по една и да не дозволиме да не кочат.
Н. Г. | Црнобело