Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Совети за секоја жена која има над 35 години

За жената која има над 35 години се вели дека е во цутот на животот, затоа што тогаш нејзината личност доаѓа до израз. Дотогаш веќе го има одредено својот стил на облекување, но и однесување.

10-soveti-za-sekoja-zena-koja-ima-nad-35-godini-01.jpg

Сепак, постојат некои општи совети кои морате да ги прифатите, ако сте на пат кон 40-те години:

1. Без разлика на тоа колку била забавата добра, обидете се да се разбудите во вашата спална соба.

2. Помеѓу парче торта и чоколадо, секогаш направете го изборот за чаша вода.

3. Ако часовникот отчукува полноќ, а вие морате да ја измиете косата, да се депилирате и да се лакирате - секогаш одберете сон. Немиената коса можете да ја сокриете, нозете исто така, ноктите може да ви изгледаат како да сте употребиле безбоен лак, но уморното лице и лошото расположение не можете да ги сокриете.

4. Патувајте! Искористете ја секоја прилика која ви се укажува. Новите откритија се добар начин за стекнување на искуства.

5. Пред да почнете да ја проценувате ситуацијата, секогаш запрашајте се: „Дали ова е моја работа?“. Потоа, затворете ја устата и заминете си.

6. Да трошите време и емоции на несоодветен човек има смисла само во еден случај, ако вие сте докторот, а тој е пациентот кој ве плаќа.

7. Помеѓу бурната романса и можноста за заработка на пари, секогаш направете го изборорт во корист на втората можност.

8. Кажаните „Да, како што ти ќе кажеш“ во вистинското време ќе ви заштедат нерви и пари.

9. Неколку дена во самотија делуваат подобро од скап спа салон.

10. Ниту еден маж не вреди да страдате за него во неудобни чевли.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Строги правила што треба да ги следат гостите на Мет гала Телефоните се строго забранети, а гостите не смеат да ја одбијат поканата – во с...
7 работи со кои модерните жени се „опседнати“, но нашите баби ги игнорирале Совршен маникир и педикир, безброј активности за децата, „вечен“ младешки изглед...
Кои светски ѕвезди се родени во знакот на Близнаци? (фото) Од Анџелина Џоли и Кајли Миног, до принцот Вилијам и оскаровецот Килијан Марфи -...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Жени откриваат – Со какви изговори мажите ги избегнуваат обврските низ домот? „Бившиот ми рече дека ја отпуштил хигиеничарката од неговиот дом бидејќи сега ме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg