Спремни за сочен трач?
Зошто трачариме? Која е користа на трачот? Дали трачот е прифатлив? Ова се само неколку прашања кои треба да знаете да ги одговорите пред да се впуштите...
...во трачарење.
Зошто трачариме?
Луѓето едноставно сакаат да чујат и да зборуваат за другите луѓе. Биолозите кои ја проучувале оваа интеракција откриле дека трачот служел (порано во малите друштвени заедници) за истакнување пред останатите.
Трачот се користел за остварување на сопствените цели во заедницата. Иако во овој свет никој од нас не живее во мали племенски заедници, постоењето на трачот останало со исти мотиви. Можеби само целите малку еволуирале.
Зошто служи трачот?
За зближување со пријателите. Помага да станеме дел од една група луѓе. Најчесто, жените се етикетирани како трачарки, но факт е дека и мажите го практикуваат трачот.
Истражувањата покажале дека сите сакаме да раскажеме или чуеме приказна за своите соперници или за своите пријатели. Мажите трачевите најчесто ги споделуваат со својата партнерка, додека жените на поширок круг на луѓе.
Трачевите најчесто се врзани за некој кој отскокнува од секојдневието, но често жртвите можат да бидат комплетно невини и да станат жртви на трач.
Забава и пакост
Трачот може да има многу негативна и деструктивна конотација. Луѓето го користат и за свои себични интереси. Трачот е често резултат на љубомора и завист, желба да оцрните некого – а ова треба навистина да го избегнувате. Некои пак трачарат од забава - дали за познатите личности, дали за случки од минатата ноќ.
Друштвен парадокс
Трачот е производ на друштвото, настанал во друштво, но тој не е пожелен како друштвен образец на однесување. Кога ќе признаете дека сакате да трачарите нема да бидете најомилена личност. Не е друштвено прифатливо да трачарите – но, сите го правиме тоа!
Секогаш треба да ја знаеме границата до каде одиме со трачарење. Трачот никогаш нема да исчезне.