Каде славните бегаат за одмор
Уморни од фотоапаратите и таблоидите, познатите актери, пеjачи и бизнисмени неретко посакуваат да побегнат од сите. Некому му успева, а...
... на веб страницата All Property Management се објавени податоци за оние кои имаат сопствени острови на кои уживаат или ги изнајмуваат по високи цени на оние кои сакаат да пронајдат мир.
Овој човек не само што поседува сопствен остров, туку и го дели со најубавите жени на планетава. Сопственикот на компанијата Virgin Atlantic, Ричард Брансон им дозволи на убавиците од модната куќа Victoria's Secret да снимаат на овој остров на Карибите.

Островот е во сопствеништво на Брансон 30 години, а на него има угостувано многу познати личности како принцезата Дијана, Дејвид и Викторија Бекам , коосновачот на Google Лери Пејџ, кој тука се венчаше..
Актерот кој заработува по 20 милиони долари по филм знае како да ги потроши на прав начин. Николас Кејџ има повеќе куќи од кои една вила е на Bel Air, но исто така поседува и остров.
Името му е Leaf Cay и се наоѓа на Бахамите. Според некои податоци, ова го коштало Кејџ околу 3 милиони долари. "Преубаво е кога можете да шетате по плажа, а да не се грижите дали некој ќе ве фотографира" изјави холивудскиот глумец.
Little Hall's Pond Cay
За пиратот од Карибите Џони Деп не постои ништо поскапоцено од сопствената приватност. Затоа во 2004 го купи островот Little Hall's Pond Cay за 3,6 милиони американски долари.
На овој остров може да се дојде само со авион, брод или хеликоптер, а има шест плажи со бел песок, приватно пристаниште и лагуна која се наоѓа во сенка на палмови дрва.

Американскиот актер Мел Гибсон во 2004 година го купи островот Маго на Фиџи за 15 милиони долари. Кога кантри ѕвездите Тим Мекгро и Фејт Хил сакаат да се одморат од остатокот на светот одат на приватниот остров во регионот Exumas на Бахамите.
Blackadore Caye
Еколошки освестената ѕвезда Леонардо Ди Kаприо е сопственик на овој остров во Belizе. Има договор тука да гради хотел под услов заштитените и ретките диви животни во морето да останат недопрени.
Musha Cay
Џулија Робертс, ѕвездата на филмот "Nothing Hill" и "Pretty Woman", поседува еден прекрасен остров на Бахамите а во соседство и е познатиот маѓионичар Дејвид Коперфилд кој го поседува островот Musha Cay. Како Брансон, и Коперфилд го изнајмува островот на понзнати личности меѓу кои се и Опра Винфри, Џон Траволта и Сергеј Брина.

Аристотел Оназис , поранешен сопруг на првата дама на САД Џеки Кенеди, го поседуваше грчкиот остров Скорпиос. По неговата смрт него го наследи неговата ќерка Атина. Целото семејство Оназис е закопано на овој остров.
Eleuthera
Американскиот пеач Лени Кравиц го купи островот Eleuthera на Бахамите од каде потекнуваат предците од мајчината страна.
Tetiaora
Легендарниот Марлон Брандо е исто дел од познатите кои поседуваат сопствен остров. Во 1962 го купи Tetiaroa на Тахити по снимањето на еден од неговите филмови. Некогаш тоа било одмаралиште на кралското семејство.
Се до неговата смрт, Брандо живееше тука во селска населба. Меѓу другите звучни имиња на сопственици на остров се вбројуваат Стивен Спилберг и Тони Кертис.
Каде вие заминувате, кога сакате да се избегате од очите на светот?
Би можело да ве интересира:





