Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


8 познати личности кои без проблем можат да ве претепаат

Секој пат кога Шиа Ле Буф ќе направи некоја нова чудна уметничка инсталација или некоја позната личност ќе му даде чудно име на своето бебе, сите го помислуваме истото – Холивуд е полн со разгалени деца кои се возат во Бугати и плачат ако им се истури шампањот.

8-poznati-lichnosti-koi-bez-problem-mozhat-da-ve-pretepaat-001.jpg

Еве 8 познати личности кои без проблем може да ве претепаат:

1. Кристијан Бејл

Познат по неговите улоги во „American Psycho“, „Equilibrium“ и секако, „The Dark Night“ и „Batman Begins“. Толку колку што е опасен на филмското платно, толку е и во вистинскиот живот. Бејл редовно тренира Кунг-фу и е редовен посетител на боксерскиот ринг. Судејќи по ова, тој сигурно не е некој со кој би сакале да се замерите.


2. Ед О’Нил

Кога не го глумел омилениот американски семеен човек Ал Бунди во „Married…with children“, Ед О’Нил тренирал да ја научи уметноста на борењето.  Тој тренирал бразилско џуи џицу преку 20 години, а во 2007-та година добива црн појас за оваа боречка вештина.


3. Џо Роган

Комичар, спортски коментатор за UFC... Џо Роган се занимава со теквондо уште од неговите тинејџерски денови. Еден од доказите за неговата силина е тоа што го претепа Карлос Менсија затоа што му го украде материјалот. Тој има црн појас во теквондо, црн појас во џуи џицу и син појас во џудо.


4. Коби Брајант

Денес можеби не може да шутира тројки, но тој има и други способности, а една од нив се боречките вештини. Како дете бил голем фан на Брус Ли па затоа, посветил голема порција од неговото време и труд за да ја научи личната вештина на Брус Ли – Џит Кун До.


5. Киану Ривс

Се прослави со легендарната улога на Нео во „The Matrix“, но тука е и главната улога во романтичниот „The Lake House“. Не грижете се, тој сѐ уште е еден од опасните. Освен што ги знае боречките вештини, Киану Ривс неверојатно добро знае да ракува со пиштол – т.е. со неколку видови.


6. Рајан Гослинг

Подготвувајќи се за улогата во „Only God Forgives“, Гослинг се спремал со Киу Пук – експертот тренер во мау таи (тајландски бокс). Најверојатно, тој продолжил со часовите за да успее да ги освои сите девојки на целава планета...


7. Роберт Дауни Џуниор

„Боречките вештини се главната утеха во борбата со алкохолизмот“ – тврди Ерик Орам, неговиот инструктор кој 12 години го учи за винг чун. Орам во бројни интервјуа вели дека Дауни е еден од најпосветените ученици кои некогаш ги учел, а ние му веруваме.


8. Шон Конери

Освен што е најдобриот Џејмс Бонд на сите времиња, сер Томас Шон Конери е и Шодан – прв дан црн појас во Кијокушин карате, но и се занимава со full contact – карате и јапонско карате. Плус, при снимање на филмот „Never Say Never Again“, Конери тренирал со Стивен Сигал.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Купувате оригинал или копија - како да препознаете преку логото на светските брендови? На оригиналните производи на Burberry, помеѓу црните и белите ленти, има са...
12 соседи кои како да се излезени од рајот (ќе посакате и вие такви) „Мојот глувонем сосед неколку дена се врткаше низ дворот, а ние мислевме дека пр...
Кафе, чипс и уште 5 работи кои биле откриени случајно Според легендата, гостин во ресторан не бил задоволен од помфритот и побарал ком...
10 луѓе кои сосема сами го претворија домот во пријатно катче за уживање (фото) „Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам ...
„Јас сум хигиеничарка и 5 работи кај клиентите најмногу ме нервираат (број 3: кога ме следат како ку... „Мразам луѓе кои кријат работи за да ме тестираат дали чистам добро и дали пропу...
Одлики што им се заеднички на успешните луѓе, според психолози Покрај очигледната самодоверба, ако сакате да бидете успешни, важно е да презема...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg