Најморбидните места на светот
Некои места на светот имаат навистина застрашувачки имиња и поголем број од нив оправдано стојат зад нив. Еве три места со интересна приказна кои...
...би можеле да ве заинтересираат.
1. Долина на смртта - се простира во Северна Америка на подрачјето на Калифорнија. Таа е најтоплото, најсувото и најнегостопримливото место на Земјата. Имињата на местата во Долината на смртта се: Мртвачки премин, Кањон на сувите коски и Погребална планина.
Тука Сонцето буквално пржи и може во текот на годината да не падне ни капка дожд. Покрај морбидното име, Долината на смртта не е без живот - има растенија, животни и луѓе, но тие се прилагодени на овие сурови услови.
Туристите најчесто доаѓаат за да го видат спектакуларниот “Ланец“ од диви цветови кој е долг 10-12 километри.
Го добила своето име по група трагачи на злато кои патувале кон Калифорнија во 1849 година. На патот случајно им се појавила оваа долина. Морале да се спуштаат по неа каде немало видлив излез.
2. Ѓаволски остров (Île du Diable) е еден од помалите острови пред обалата на Француска Гвајана, а на него некогаш се наоѓала славната казнена колонија.
Затворот е затворен во 1952 година. Најдобар опис за настаните на овој остров дале писателот Rene Belbenoit во романот “Сува гилотиња“ и филмскиот режисер Franklin J. Schaffner во филмот “Papillon“.
3. Брегот на костурите се наоѓа помеѓу пустината Намиб и Атлантскиот Океан. Долга е околу 500 километри и избраздена е со златни дини. Опасни струи, ветрови и магла имаат предизвикано потонување на многу бродови.
Би можело да ве интересира:





