9 приказни ќе ви го стоплат срцето и ќе ви ја вратат вербата во човештвото

Дејствата зборуваат многу погласно од зборовите. Се запознаваме многу подобро меѓу себе кога гледаме како другите преземаат реални, позитивни дејства.

Ovie-9-prikazni-kje-vi-go-stoplat-srceto-i-kje-vi-ja-vratat-doverbata-vo-covestvoto-00

Се вели дека дури и најмалата постапка на добрина може да направи огромна разлика некому. Иако добрината кон некого нема да ве чини ништо, сепак таа има огромна вредност.

Овие 9 приказни ќе ви го покажат токму тоа:

Берберот со големо срце

Ovie-9-prikazni-kje-vi-go-stoplat-srceto-i-kje-vi-ja-vratat-doverbata-vo-covestvoto-01

Насир Собхани не е обичен бербер. Ова 27-годишно момче е познато како „Уличен бербер“. Тој работи шест дена во неделата во берберница во Мелбурн, Австралија.

Секоја недела, неговиот единствен слободен ден го поминува бесплатно потстрижувајќи ги бездомниците.

Работејќи на нивниот изглед тој исто така се обидува да ги убеди дека никогаш не е доцна да почнат со нов живот.


Малата Златка

Ovie-9-prikazni-kje-vi-go-stoplat-srceto-i-kje-vi-ja-vratat-doverbata-vo-covestvoto-02

Холи Кристенсен е поранешна медицинска сестра на одделот за онкологија. Изработила перика иста како косата на Златка за Лили, ќерката на нејзината пријателка на која ѝ дијагностицирале рак.

Девојчето многу ја засакало периката и играло со неа цело време.

Тоа ја поттикнало Холи да го започне проектот „The Magic Yarn Project“, со кој се изработуваат перики инспирирани од принцезите на Дизни за децата кои се борат против рак и поминуваат низ хемотерапија.


Направете пат за патките!

Ovie-9-prikazni-kje-vi-go-stoplat-srceto-i-kje-vi-ja-vratat-doverbata-vo-covestvoto-03

Патките во Англија добија свои сопствени патеки. Иницијативата „The Canal & River Trust“ исцрта бела линија со која се означуваат патеките кои ќе се користат од страна на патките во Лондон, Бирмингем и Манчестер.

Иницијативата ги охрабрува луѓето да бидат повнимателни кога се движат или возат велосипеди покрај реките.


Мало срнче одбива да го напушти човекот кој го спасил

Ovie-9-prikazni-kje-vi-go-stoplat-srceto-i-kje-vi-ja-vratat-doverbata-vo-covestvoto-04

Дариус Саснаускас, турист од Литванија, некое време живел во националниот парк „Јелоустоун“ во САД. Додека бил таму присуствувал на раѓањето на две срнчиња.

За жал, едното од нив имало повреда на ногата и не можело да им се придружи на другите кои заминале и го оставиле.

Дариус решил да ми помогне на малото животно и со огромно трпение и внимание успеал да му го спаси животот.

Кога тоа било доволно силно да се грижи за себе Дариус сакал да го ослободи, но срнчето едноставно не сакало да се оддели од него. Сепак, после неколку дена срнчето повторно го пронашло своето семејство.


Хирург со големо срце

Ovie-9-prikazni-kje-vi-go-stoplat-srceto-i-kje-vi-ja-vratat-doverbata-vo-covestvoto-05

Сите деца се плашат од изгледот и атмосферата во болниците и операционите сали. Еднаш, 2-годишно девојче од Кина требало да биде оперирано заради проблеми со срцето.

Штом го внеле во операционата сала, тоа започнало да плаче и да го бара татко си. Во обид да ја утеши, хирургот кој требало да ја оперира ја земал во рацете и гушкајќи ја ѝ пуштил цртани филмови на својот телефон за да ја смири.


Внимателна невеста

Ovie-9-prikazni-kje-vi-go-stoplat-srceto-i-kje-vi-ja-vratat-doverbata-vo-covestvoto-06

Кинески пар имал свадбена фотосесија во крајбрежен ресорт на североистокот на Далијан. Одеднаш тие забележале маж извлечен на брегот.

Невестата, медицинска сестра по професија, сфатила дека човекот доживеал срцев удар додека пливал.

Веднаш се стрчала кон човекот, и не водејќи сметка за нејзината невестинска шминка и фустан, му давала вештачко дишење на човекот речиси 20 минути.


Најдобриот свадбен подарок

Ovie-9-prikazni-kje-vi-go-stoplat-srceto-i-kje-vi-ja-vratat-doverbata-vo-covestvoto-07

Младоженци од Калинград, Русија, побарале од членовите на нивното семејство и пријателите да им донесат храна за миленици и други свадбени подароци.

По убавата церемонија и приемот, тие ги донирале сите подароци во локалниот стационар за животни.


Другарчиња за гушкање

Ovie-9-prikazni-kje-vi-go-stoplat-srceto-i-kje-vi-ja-vratat-doverbata-vo-covestvoto-08

Ова слатко девојче го внело своето милениче, теле, во домот кога надвор започнало да врне. Нејзината мајка била многу изненадена кога влегла и го видела телето дома по што следело објаснување од девојчето дека не сакала нејзиното милениче да се намокри и настине.


Остварувањето на нечиј сон понекогаш е многу лесно

ovie-9-prikazni-kje-vi-go-stoplat-srceto-i-kje-vi-ja-vratat-doverbata-vo-covestvoto-10.jpg

Бри Дреџ, учителка од Баларат, Австралија, освоила 20 илјади долари во телевизиски квиз. Сепак, добиената награда не било тоа што ја направило толку популарна, туку ветувањето кое го дала пред да учествува во квизот.

Учителката кажала дека планира да ги искористи парите да купи по еден пар зимски чизми за секој ученик во нејзиното училиште.

И на крајот навистина го направила тоа! 


Бидете љубезни еден кон друг

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

За вашите принцови и принцези: Кралски имиња кои се популарни и во Македонија Елизабета, Дијана, Александар... Кои имиња со кралско значење се популарни кај н...
Животот пред 30 години и денес: Како изгледа генерацискиот јаз (низ забавни илустрации) Порано родителите само на родителски средби дознаваа за однесувањето на своите д...
Најозлогласените и најмоќните наркобосови во светот (кои ги засенува една жена) Можеби мажите се оние кои доминираат во светот на криминалот, но ниту еден од ни...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
Македонците најмлади стапуваат во брак на Балканот - во кои земји се чека најдолго? Според податоци на Евростат од 2021 година, во просек, Македонките стапуваат во ...
Фотки кои ќе ви ја вратат вербата во човештвото (и ќе ве расположат) Принцезата Дијана се ракува со маж болен од СИДА, Марлон Брандо го одбива Оскаро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg