Не е важно да ви аплаудираат кога ќе влезете, важно е да им недостигате кога ќе си заминете

Секој народ благодарение на долгата традиција собирал богати ризници на знаења и мудрости кои и ден денес сè уште можат да се применуваат и да ни користат.

ne-e-vazno-da-vi-aplaudiraat-koga-kje-vlezete-vazno-e-da-im-nedostigate-koga-kje-si-zaminete-01.jpg

Што велат Шпанците?

Запознајте ги своите најдобри страни

Негувајте ги вашите квалитети, но не заборавајте и на другите. Секој човек може да го досегне врвот само ако знае како да се искачи.


Бидете брзи

Краткотрајноста е пријатна и ласкава. Добрите работи кога се крати се двојно послатки. Лошите, ако се кратки, не се толку лоши... Добро кажаното е брзо кажано.


Не зборувајте за себе

Не смеете да се фалите себе, бидејќи така покажувате суета, но не смеете ни да се критикувате себеси, бидејќи така се потценувате.


Не се откажувајте од победата

Некои луѓе ги започнуваат работите, но никогаш не ги довршуваат. Превртливите карактери започнуваат, но не се истрајни, Тоа покажува непостојаност и непромислени обиди да се поседува сè што е на повидок. Она што е вредно, треба да го завршите. Ако не вредно, зошто воопшто го почнувате?


Повлечете се на самиот врв

Не е важно да ви аплаудираат кога ќе влезете, важно е да им недостигате кога ќе си заминете.


Држете се близу до оние од кои можете да учите

Своите учители направете ги свои пријатели и комбинирајте ја корисноста на учењето со уживањето во разговорите. Уживајте во друштвото на интелигентните луѓе.


Мудриот го прави веднаш она што будалите го прават отпосле

Постои само еден начин на кој може да се види светлината, а тој е што е можно поскоро. Инаку од нужност ќе морате да го направите она што не сте можете во пријатност. Мудриот одма може да оцени што треба да направи сега, а што потоа.


Никогаш не се жалете

Ако се жалите, другите ќе ве игнорираат. Пред сомилост, луѓето обично изразуваат дрскост и ги охрабруваат поединците да се однесуваат така како што се однесува мнозинството.


Не брзајте

Многумина посакуваат за еден ден, за еден миг, сè да завршат, но тоа воопшто не е добро. Не можете да создадете нешто што некој го градел цел живот. Покажете умереност.


Не претерувајте

Суперлативите ја уништуваат вистината и фрлаат сомнеж на вашата способност за расудување. Не се истакнувајте секој ден, инаку повеќе нема да ги изненадувате луѓето. Секогаш во резерва чувајте уште нешто, уште некој ас. 

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тортите за првачиња се хит во Македонија (фото) Во Македонија со торти сè почесто се слави половина роденден на бебињата кога ќе...
Неочекувани ситуации на кои луѓето биле сведоци во секојдневието (фото) Замислете се шетате по улица и одеднаш на нечија тераса гледате коњ... Луѓе спод...
9 работи што треба да ги направите во декември, за следната година да ви биде поуспешна Обидете се да се сетите на секој успех што сте го постигнале во изминатата годин...
18 ѕвезди кои ќе изгледаа невпечатливо ако наместо сини имаа кафеави очи (фото) Од Бред Пит, преку Бредли Купер до Мајли Сајрус - како ќе изгледаа познатите со ...
Најозлогласените и најмоќните наркобосови во светот (кои ги засенува една жена) Можеби мажите се оние кои доминираат во светот на криминалот, но ниту еден од ни...
15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg