Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зборови за кои не сте знаеле дека претставуваат кратенки (акроними)

Акронимите како кратенки ги користиме секојдневно во нашиот живот. Едноставно нивната употреба во секојдневната комуникација е неизбежна.

zborovi-za-koi-ne-ste-znaele-deka-se-kratenki-akronimi-01.jpg

Некои зборови се многу попознати по својот акроним што луѓето често ги користат, познавајќи ги како збор, без всушност да знаат што е вистинското значење на зборот кој го употребуваат. 

Едноставно нивната употреба во секојдневната комуникација е неизбежна, а некои зборови се многу попознати по својот акроним што луѓето често ги користат, познавајќи ги како збор, без всушност да знаат што е вистинското значење на зборот кој го употребуваат. 

Во продолжение, погледнете ги зборовите кои сигурно сте ги употребиле, а не сте знаеле дека нивното име е всушност кратенка составена од неговото вистинско значење.

ЛАСЕР

Сигурно сте го употребиле во секојдневната комуникација, особено кога сте биле деца и сте сакале да бидете зајадливи со црвената точка која без проблем се шета по зидот.

Многумина го користат без притоа да знаат дека овој збор всушност е кратенка од англиските зборови „Light Amplification by Stimulated Emission of Radiation” (или уред кој произведува светлина притоа засилена со симулирана емисија на зрачење).


СИМ картичка

Сте поседувале многу од нив, сте ги менувале од еден уред во друг, сте надополнувале кредит и ги користите секојдневно во вашиот живот, но дали знаевте дека СИМ всушност е кратенка од последователната низа на зборови „Subscriber Identification Module” (што во превод би било модул за идентификација на корисникот).


GIF

Сигурно сте отвориле некоја  анимација која имала најразлична содржина, а испратена од вашите пријатели, а пред да ја пуштите сте го забележале ова зборче, но дали го знаете неговото вистинско значење?

Американскиот компјутерски научник Стиви Вилхајт го создаде овој формат, давајќи му го името ГИФ што претставува акроним добиен од зборовите „Graphics Interchange Format”  или формат за графичка размена.


РАДАР

Уште еден пронајдок кој е наречен по кратенките од зборовите кои го опишуваат. Слично како ласер, радар за многумина не претставува кратенка, но всушност тој е акроним од првите букви на зборовите кои го даваат неговото значење, односно добиен е од првите букви на „Radio Detection And Ranging”.


МОДЕМ

Ако сте приклучувале интернет или сте биле блиску кога тој процес се изведувал сигурно многупати сте го слушнале овој збор, но дали знаевте дека тој е всушност акроним на англиските зборови  „Мodulator-Demodulator” (МОдулатор-ДЕМодулатор)?

Постојат уште многу акроними кои во секојдневниот живот сме ги прифатиле како зборови, без да бидеме свесни дека всушност тоа се кратенки добиени од повеќе зборови.

Тоа е еден неизбежен процес, бидејќи со развојот на технологијата и масовното ширење на интернетот, бројот на вакви зборови секојдневно ќе расте.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како „од око“ да познаете дали намирниците се свежи пред да ги купите или употребите? Дали знаевте дека оризот што го чувате подолго од 1 месец на собна температура м...
14 мажи чии вештини за шиење и плетење заслужуваат медал Сите луѓе имаат некаков талент или хоби кое го усовршиле со текот на времето, а ...
Популарни трендови за кои подоцна младите (сигурно) ќе зажалат „Родители што им даваат на децата да користат интернет и технологија без никаков...
Екстравагантна свадба во Швајцарија е како ледена бајка: Невестата „смрзната“ во коцка мраз, ангел л... Невеста „замрзната“ во коцка мраз, маж преправен во ангел кој „лета“ над младенц...
„Со кафе се јаде нешто благо“: Балкански навики поради кои се дебелееме Ако се купува скара, се пресметува половина килограм месо по човек. По вака обил...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg