Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Астронаутот Скот Кели од вселената се врати и постар и помлад од својот брат близнак

По 340 дена поминати во вселена, американскиот астронаут Скот Кели и неговиот руски колега Михаил Корњенко, пристигнаа на Земјата. Додека Кели беше 27.000km оддалечен од нашата планета, неговиот брат близнак го чекаше долу на Земјата.

astronautot-skot-keli-od-vselenata-se-vrati-i-postar-i-pomlad-od-svoj-brat-01.jpg

Враќањето на астронаутот за браќата бил емотивен момент, а за научниците прилика за необичен експеримент.

Скот Кели додека бил во вселената редовно давал примероци од неговите телесни течности, а истото го правел и неговиот брат Марк.

Следењето на нивното здравје преку примероци од телесни течности дало интересни резултати - утврдено е дека живеењето во различна средина влијае на нашите гени, изглед и здравје.

Она на што посебно сакаат да обрнат внимание научниците се теломерите.

Теломерите се делови од нашата ДНК кои се наоѓаат на крајот на секој хромозом. Нивната улога е да ја штитат нашата ДНК и имаат значајна улога во процесот на стареење на организмот.

При секоја делба на клетките, теломерите се скратуваат. Кога ќе станат премногу кратки, организмот е подложен на различни болести.

Она што сакаат да го покажат е дека радијацијата, безтежинската состојба, промените во исхраната и други карактеристики на живеењето во вселена можат да влијаат на скратување на теломерите на Скот Кели. А, она што сакаат да го утврдат научниците е колку брзо ќе старее Скот.

Но, дури и да се направи оваа анализа и да се покаже дека Скот старее побрзо од неговиот брат, тој повторно ќе биде помлад. Времето во вселената тече за три милисекунди побавно, а Скот е помлад за 25 милисекунди дневно од својот брат.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Момци со брокула фризура, претерани филери и уште 11 трендови од последната декада што на луѓето им ... Дали во последниве години стана тренд да се остава бакшиш за секоја можна услуга...
Морничава исповед на жена: „Моите родители беа сериски убијци – ја убија и сестра ми“ „Сакав да побегнам од Англија во Австралија, но не ми дозволија влез во државата...
Строги (и чудни) правила кои стражарите на кралската гарда во Англија мора да ги следат Треба да внимаваат како паѓаат ако изгубат свест и од нив се очекува да стојат м...
Митови за преживување во кои веруваме заради филмовите, а не треба Зошто не треба да верувате во советите за преживување што ги гледате на телевизи...
Архитектонски „чуда“ кои се доказ дека парите не купуваат вкус (фото) Некои луѓе кои можат да си дозволат огромна куќа, имаат навистина одлични замисл...
„Една работа што ја слушнав од мојот психолог што ми го промени животот“ „Психологот еднаш ми рече ’Не мора да ги решиш сите проблеми одеднаш. Само почни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg