Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Во Шведска отворена првата продавница без каси и продавачи

Една хаотична ноќ, додека детето гладно врескало на задното седиште од автомобилот, а таткото чекал ред во најблискиот отворен супермаркет, била причината кај Роберт Илијасон да се јави генијална идеја - продавница без гужви, каси и продавачи.

vo-svedska-otvorena-prvata-prodavnica-bez-kasi-i-prodavaci-01.jpg

Неколку години подоцна ја развил идејата, за денес во Викен, Шведска, да ја отвори првата продавница без каси и касиерки, која работи 24 часа.

Купувачите треба да ја симнат апликацијата за да можат да ја отклучат вратата од продавницата со својот мобилен телефон. Самата апликација исто така ги препознава кодовите на производите, па на крајот од месецот им пристига сметка со трошокот.

vo-svedska-otvorena-prvata-prodavnica-bez-kasi-i-prodavaci-05.jpg

„Идејата ми е да ја раширам оваа идеја и во другите села и помали гратчиња. Неверојатно е како никој досега не се сетил на вакво нешто,“ вели сопственикот.

Тој е единствениот вработен кој се грижи за продавницата и негова единствена работа е полиците постојано да бидат полни.

vo-svedska-otvorena-prvata-prodavnica-bez-kasi-i-prodavaci-02.jpg

Во продавницата не се продаваат алкохол, лекови и цигари, а покрај тоа нема каса со пари, па веројатно затоа досега немало никакви инциденти.

Сепак, има поставено 6 сигурносни камери, а и самиот тој живее во близина, па доколку има проблем може да пристигне за неколку минути и да повика полиција.

vo-svedska-otvorena-prvata-prodavnica-bez-kasi-i-prodavaci-04.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 навики кои имаат лоша репутација, но всушност се добри за вас Да се биде мрзелив од време на време и да не се прави ништо – понекогаш навистин...
Бизарни (и застрашувачки) ментални нарушувања и болести Лицата со боантропија веруваат дека се животно, како крава или бивол, и некогаш ...
Најбизарните рекорди во светот (кои не треба да пробате да ги срушите) Дали би се осмелиле да поминете 10 дена затворени во ковчег? А, дали би ставиле ...
„Јас сум хигиеничарка и 5 работи кај клиентите најмногу ме нервираат (број 3: кога ме следат како ку... „Мразам луѓе кои кријат работи за да ме тестираат дали чистам добро и дали пропу...
Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
11 вистински фотки кои делуваат како да излегле од виртуелна реалност Некои работи се пред нас, а сепак мора да ги протриеме очите за да се осигуриме ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg