Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Што сонувавте минатата ноќ: 6 соништа кои не смеете да ги игнорирате

Доста важно е да обратите внимание на вашите соништа, бидејќи тие доаѓаат од вашата потсвест и имаат за цел да ви пренесат некоја важна порака. Дали можете да се сетите што сонувавте?

shto-sonuvavte-minatata-nokj-sonishta-koi-ne-smeete-da-gi-ignorirate-01.jpg

Проверете какво значење имаат некои симболи во соништата:

1. Кутии

Ако сонувавте кутии вашата потсвест ве потсетува на некакво прикривање. Можеби стравувате дека некој крие нешто важно од вас или можеби вие криете некоја тајна од луѓето околу вас?

Овој сон значи дека сте подготвени да откриете некоја тајна.

Ако во сонот погледнете во кутијата и забележите дека е празна, тоа значи дека сте разочарани од нешто.


2. Мачки

Женственост, духовност и моќ. Ако сонувате мачки тоа може да значи дека морате да се поврзете со вашата женственост. Тоа можете да го направите со поцврст однос со вашите пријателки.

Ако се појават повеќе мачки во вашиот сон тоа значи дека морате да поработите на вашата самодоверба.

Мачките во сон можат да ви донесат некакво духовно сознание.


3. Мравки

Поддршка, напорна работа и раздразливост. Соништата во кои има мравки може да укажуваат на тоа дека има нешто во секојдневието што ви пречи, што ве мачи.

Токму преку тој сон, потсвеста се обидува да ве поттикне да се соочите со тие проблеми, наместо да ги оставите да се насобираат.

Мравките се исто така, знак дека сте уверени во тоа дека заедничката работа дава најдобри резултати, посебно кога работите во тим.


4. Коса

Сексуалност, статус, слобода. Ако сонувате коса тоа може да значи дека имате проблеми со прифаќањето на сопствената сексуалност.

Косата исто така, симболизира желба за поврзување со другите луѓе, сè додека знаете на што стоите без разлика на тоа дали се работи за колеги, партнер или пријатели.

Ако сонувате долга коса, тоа значи дека сте желни за слобода.


5. Кал

Неподвижност, раст, немир. Ако сонувате кал, тоа може да значи дека во животот „сте западнале во кал“, односно дека морате да се ослободите од некои негативни работи кои ве спречуваат да бидете среќни.

Калта може да значи дека чувствувате немир и дека постојат неразрешени расправии во вашиот живот.

Но, исто така симболизира и раст и повторно раѓање, па ваквиот сон сфатете го како тоа дека секогаш можете да почнете од почеток, без разлика на тоа што ви се случило во животот.


6. Зелена боја

Љубов, зараснување на рани, страст. Ако сонувате зелена боја, тоа значи дека се чувствувате среќни. Ги сакате луѓето околу вас и чувствувате дека и тие ве сакаат вас.

Ако сè уште не живеете со полни гради и не уживате во секој ден, потсвеста ви кажува дека би требало да го направите тоа.

Сонот за зелената боја исто така посочува и на тоа дека минувате низ процес на емоционално зараснување и лечење на емоционалните рани.

Уште 9 соништа ТУКА.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сонувала да стане писателка, починала од тифус во логор: Детали од животот на Ана Франк И покрај тоа што се криеле, Ана Франк пробувала да се фокусира на своето образов...
Женските маки низ 10 забавни илустрации Како се чувствуваме во оние денови, кога маки мачиме со циклусот? Како изгледа к...
Девојката што „умира од досада“, девојчето со злобен поглед: Која е приказната зад најпознатите меми... Колку пати сте го виделе (и споделиле) мемето од момчето што ѝ раскажува нешто н...
Највисоките статуи во светот – некои имаат над 100 метри Најголемата статуа во светот има дури 182 метри и се наоѓа во Индија. Меѓу најви...
На 8 години останала без едно око, а денес е една од најубавите жени во БиХ – Неверојатната приказна... „Недостигало милиметар да го изгубам другото око, милиметар за да не ми биде ниш...
Најлошите работи околу стареењето (кои најверојатно никој не ви ги кажува) „Чувството како времето минува и има шанси да не успеете да отпатувате на местат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg