Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Работата која никој не ја сака: Плата $400.000 и 3 месеци одмор

Во руралниот дел на Нов Зеланд, во местото наречено Токоро, веќе две години се бара хирург кој ќе работи за 400.000 долари годишно со три месеци одмор, а во последните четири месеци никој не се пријавил.

rabota-so-plata-od-400-000-dolari-i-tri-meseci-odmor-koja-nikoj-ne-ja-saka-01.jpg

Докторот Алан Кени кој дошол од Велика Британија за да работи на ова место како хирург вели дека постојано има работа и често мора да се откаже од одморот поради големиот број на пациенти и недостатокот на замена.

„Платата е фантастична. Бројот на пациенти се зголеми од претходната година, а колку имате повеќе пациенти, толку повеќе заработувате. Но, што е премногу, премногу е“ - се жали Кени.

Пред две години неговата ќерка Сара дошла да работи како доктор за да му помогне и да му ја олесни работата. Таа е единствениот доктор кој е моментално на пракса.

Покрај добрата плата, Кени му нуди на кандидатот кој ќе се пријави за работата и три месеци годишен одмор, истакнувајќи дека нема да се бара да работи навечер и за викендите. Но, и покрај овие услови, веќе четири месеци никој не се пријавил на работното место.

„Ја сакам мојата работа и би сакал да продолжам да работам, но тешко ми е да најдам доктор кој ќе работи со мене и ќе ме замени“ - објаснува Кени.

Платата за практиканти во оваа земја се движи од 150.000 до 280.000 долари. Најголемиот проблем на руралните места е тоа што се изолирани, имаат недостаток на образование и општествени активности, па луѓето одбиваат да живеат таму дури и кога е во прашање добра работа и плата.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: 12 докази дека помладите генерации се како од друга галаксија Купувањето онлајн станува попопуларно од пазарењето во продавница, а и барањето ...
Работи што не треба да ги правите во хотел – персоналот ги смета за неучтиви Им поставувате лични прашања на вработените и барате некој од персоналот да ви з...
7 прашања со кои ќе откриете дали имате некоја токсична карактеристика Дали ги лажете другите за да добиете нешто што сакате? А, дали им љубоморите на ...
Тортите за првачиња се хит во Македонија (фото) Во Македонија со торти сè почесто се слави половина роденден на бебињата кога ќе...
Донесете подарок, не доцнете и уште 7 правила кои ќе ве направат совршен гостин Посетата на нечиј дом бара почитување одреден бон-тон правила, со цел да оставит...
Ситуации во кои мажите често се дискриминирани, низ илустрации Срамота е мажот да заработува помалку од сопругата, тие не смеат јавно да покажу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg