Пијалaк од банана и лимон
Ако некогаш сте расположени за нов, освежителен безалкохолен пијалак кој може да си подготвите сами или со вашите пријатели, ви го нудиме...
... следниов комбиниран коктел:
Состојки:
- 4 банани
- 0,7dl чист сок од лимон
- 4 dl јогурт
- 1 dl млеко
- квалитетно масло од бадеми
- кршен мраз
Подготовка:
Бананите исечкајте ги на парчиња. Осум парчиња оставете на страна и попрскајте ги со сок од лимун. Останатите парчиња банана згмечете ги со помош на миксер за фрапе, заедно со преостанатиот сок од лимун.
Потоа додајте млеко, неколку капки на одбрано бадемово масло и јогурт и вклучете го миксерот на 20 секунди. Напитокот разделете го во 4 чаши, додајте кршен мраз и украсите ги чашите со парчињата банана кој претходно ги тргнавте на страна и послужете.
На здравје!
Би можело да ве интересира:





