Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5 работи кои нашите очи ги искривуваат

Нашиот визуелен систем ни помага да донесеме одредени одлуки за нашите постапки и притоа ги искривува работите кои ги гледаме, а зависат од нашите физички способности, смета психологот Џесика Вит.

psiholozite-tvrdat-nashite-oci-gi-iskrivuvaat-rabotite-okolu-nas-01.jpg

Наместо да ги гледаме работите онакви кави што се, нашиот визуелен систем си игра со кривините и оддалеченоста на работите.

Вит на основа на тоа опишала неколку начини на кои нашите физички способности се менуваат на основа на она што го гледаме:

1. Успешните спортисти, топките ги гледаат како поголеми

На крајот од еден софтбол натпревар, Вит ги застанала играчите и ги замолила да погледнат во неколку нацртани кругови на хартија и да го одберат оној кој се совпаѓа со големината на топката за играње софтбол.

Играчите кои добро го одиграле натпреварот топките ги прецениле, односно ги прикажале како поголеми, додека оние кои ги утнале ударите на топката одбрале помал круг кој не соодветствува на големината на топката.

psiholozite-tvrdat-nashite-oci-gi-iskrivuvaat-rabotite-okolu-nas-1.jpg


2. Оние кои лошо шутираат искривено ја гледаат целта

Вит се насочила кон американскиот фудбал каде играчите мораат да ја шутираат топката во предвидениот гол.

По неколку обиди на шутирање на топката, испитаниците направиле мал модел на голот кој со изгледот одговара на оригиналните пропорции на голот.

Лицата кои ја шутирале топката прениско, гредите на голот ги цртале поголеми, а оние кои шутирале на страна, вертикалните греди ги цртале намалени.

Ова ги натерало да заклучат дека различни луѓе, различно го перципираат голот.

psiholozite-tvrdat-nashite-oci-gi-iskrivuvaat-rabotite-okolu-nas-2.jpg


3. Почетниците кои се занимаваат со паркур ѕидовите ги гледаат како поголеми

Во едно истражување, Вит заедно со колегите, замолила неколку експерти и почетници да проценат колку добро би можеле да се качат на ѕид поставен пред нив и да ја проценат неговата висина.

Почетниците ѕидовите ги гледале како повисоки, а експертите онакви какви што се.

psiholozite-tvrdat-nashite-oci-gi-iskrivuvaat-rabotite-okolu-nas-3.jpg


4. Алатките за посегнување, прават предмети да изгледаат поблиски

Во едно истражување, Вит ги замолила испитаниците да ја проценат својата оддалеченост од одредена точка. Резултатите покажале дека луѓето константно ја потценуваат својата оддалеченост.

psiholozite-tvrdat-nashite-oci-gi-iskrivuvaat-rabotite-okolu-nas-4.jpg


5. Поради тешкиот ранец брдата и планините изгледаат пострмни

Вит направила уште едно истражување, замолила неколку планинари да се искачат на планина, а горе на врвот ги прашала околу тоа колку стрмно им изгледало брдото. Брдото им изгледало како стрмно на оние кои носеле тежок ранец.

psiholozite-tvrdat-nashite-oci-gi-iskrivuvaat-rabotite-okolu-nas-5.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 практични кујнски предмети од TEMU до 150 денари Апаратче кое ги лупи јајцата како од шега, метален држач поради кој нема да си г...
Родители споделуваат морничави работи што ги кажале и направиле нивните деца „Син ми месечареше на возраст од шест до осум години. Една вечер дојде во дневна...
Емотикони што ве издаваат дека сте повозрасни (а за помладите се навредливи) Колку често ви се случило да бидете погрешно разбрани во писмена комуникација на...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
11 луѓе со уникатни генетски карактеристики и способности – вена во вид на срце, преплетени прсти „Мојот сопруг има вена во облик на срце на бицепсот“, „Левото стапало ми е многу...
Работи што ги прават луѓето кои живеат сами (а на другите може да им се чудни) „Учам кореографии на омилените песни, а потоа им ги покажувам на кучето и двете ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg