Твитнете како сте расположени
Британците многу сакаат да твитаат и да ги ставаат твитовите на карта. Тие направиле мапа на расположение. Според неа најсреќни се луѓето во...
...Лондон, додека над Мидлсброу стои голем, темен облак.
Компанијата Lastminute, која ја изработила оваа карта, им предложува на корисниците своите пораки да ги означат со #goodmood или #badmood во својот твит, и да го наведат првиот дел од поштенскиот број.
Оваа страница тие ја сметаат и за еден вид маркетиншка промоција на местата каде ако патувате ќе можете да бидете подобро расположени.
Според апликацијата, најсреќни градови во Англија се Лондон и Ливерпул, а Дарлингтон и Мидлсброу се најнерасположени.
Би можело да ве интересира:





