9 фрази кои интелигентните луѓе никогаш не ги користат во разговорите

Сите понекогаш сме кажале нешто што другите го сфатиле апсолутно погрешно од начинот на кој сме го мислеле. А, понекогаш доволен е еден коментар за да ја уништиме топлината и близината во односот.

9-frazi-koi-inteligentnite-luge-nikogas-ne-gi-korsitat-vo-razgovorite-01.jpg

Вербалните лизгања најчесто се случуваат кога кажуваме реченици без да размислиме какви импликации носат со себе.

Токму тоа е она што ги одвојува интелигентните луѓе од останатите - друштвената свест.

Презафатени со мислите што да кажеме следно, забораваме како правиме другите да се чувствуваат додека ние си го кажуваме своето. И тоа е проблемот зошто луѓето и човечките односи се комплицирани.

За да си ги поедноставите сите пријателства, обидете се свесно да ги избегнете 9-те реченици кои интелигентните луѓе никогаш не ги користат:

1. „Изгледаш изморено“

Изморените луѓе изгледаат лошо - имаат спуштени очи, подочници, неуредна коса, нервозни се и тешко им оди со концентрацијата, па тоа ве прави нељубезни во сам старт. Наместо тоа прашајте дали сè е во ред. Најважно е да покажете дека сте загрижени, без да бидете непристојни.


2. „Колку си ослабел/а, изгледаш одлично“

Повторно добронамерен коментар, односно во случајов комплимент, кој создава впечаток на критика. Со тоа што на некој му кажувате дека изгледа добро откако ослабел, му кажувате дека претходно изгледал дебело и непривлечно. Наместо тоа, само кажете „изгледаш фантастично“ без многу споредување.


3. „Секако беше предобар/ра за да бидеш со неа/него“

Кога некој пресекува било каква врска, лична или професионална, ваквиот комплимент имплицира на лош вкус или лош избор на прво место. Наместо тоа кажете само дека другиот губи.


4. „Ти секогаш...“ или „Ти никогаш...“

Никој не прави нешто секогаш или никогаш и ништо не треба да дефинирате на овој начин. Едноставно посочете го проблемот кој го имате без да давате временски периоди како пример. Ако е важно да потенцирате дека постапката се повторува, секогаш можете да се послужите со благата варијанта „ми личи како често да го правиш ова...“


5. „Изгледаш добро за свои години“

Фразата „за свои години“ се квалификува како некултурна. Никој не сака да му ги потенцирате годините, ниту пак да го споредувате со неговите врсници кои се во ужасна форма. Вистинските комплименти како „изгледаш одлично“ не вклучуваат споредувања.


6. „Како што веќе кажав...“

Сите од време на време забораваме работи. Овој израз звучи како да сте се навредиле затоа што мора да повторите и дека ви е тешко да го направите тоа, што понатаму доведува на луѓето да им бидете помалку симпатични и пријателски настроени. Нема потреба од ваков почеток на реченицата.


7. „Среќно“

Што ако требаат способности, а не среќа? До некаде е навреда ако се потпирате на среќата, а не на тоа дека верувате во способностите на човекот со кој разговарате. Наместо излитената фраза „среќно“, користете конкретни охрабрувачки фрази како „знам дека можеш, ќе успееш, ги имаш сите квалитети“. А, и така ќе се издвоите од сите останати кои му посакале среќа.


8. „Твој избор“ или „Како сакаш“

Иако можеби сте незаинтересирани за прашањето кое ви е поставено и апсолутно ви е сеедно, вашето мислење е важно за личноста која го поставува прашањето и треба да го цените тоа. Во спротивно, не би ве прашувала. Извлечете се со одговори како „немам конкретно мислење на таа тема, но ако земеш предвид...“ Кога ќе понудите мислење, дури и тоа да не вклучува заземање на став или страна, покажувате почит.


9. „Па што ако никогаш не сум...“

Оваа фраза е агресивен начин да го оттргнете вниманието од вашите грешки, со цел да посочите туѓа. „Жал ми е“ не е така тешка алтернатива која ќе ве доведе до рационални разговори понатаму во животот.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што да правите, а што не ако почне да грми кога сте на плажа? Немојте да се криете под шатор или тенда и ако во близина нема затворен простор,...
Најлудите работи што можете да ги сретнете во супермаркет во Кина Месо од крокодил, но и бесплатен автобуски превоз до вашиот дом – што можете да ...
Финансиски манипулации, сурови убиства: Кои се едни од најпознатите социопати во историјата? Тешки финансиски манипулации, промена на идентитети, сурови убиства... Откријте ...
14 типови на манипулатори кои ве искористуваат без да сте свесни, низ илустрации Замислете дека некој ви нуди услуга, но знаете дека потоа ќе очекува да му се од...
Не ѝ се враќајте на жена што ве изневерила и уште 11 правила на успешните мажи Слушајте, со главата климајте горе-долу во знак на одобрување и најважно од сè -...
12 вежби за да си ја зголемите самодовербата (и да се фокусирате на позитивните аспекти од животот) Секое утро замислете се себеси како личност која е успешна, дарежлива, која мирн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg