Како афродизијаците ја стекнале својата репутација?
Остриги, авокадо, чоколадо, мед: Сите сме слушнале дека одредени видови на храна можат да ја разбудат вашата страст кога ги јадеме.
Но, она што е помалку познато е историјата и фолклорот зад овој вид на храна, односно начинот на кој тие ја стекнале својата репутација како „волшебници“ за љубов:
Остриги
Познатиот љубовник Казанова, наводно го започнувал секој ден со 50 остриги за да се подготви за денот.
Остригите биле присутни подеднакво и на познатите римски оргии, а римските лекари дури ги припишувале како лек за импотенција. Дел од причината за нивната асоцијација со љубов е нивниот изглед.
Авокадо
Авокадото било омилено јадење на Луј XIV. Авокадата висат на дрвата во парови, а ацтешкиот збор за него бил “ahuacatl“, кој исто така значи „тестис“.
Бадеми
Бадемите веќе долго време се сметаат за афродизијак, ова верување датира уште од античка Грција. Грчките двојки биле благословени со бадеми кои требале да им обезбедат плодна унија, а според одредени верувања невенчаната девојка треба да става бадеми под перница.
Во Мароко се користат за пренос на добра среќа на невестата и на идните генерации.
Калинка
Калинката се поврзува со Афродита, божицата која го создала терминот „афродизијак“. Според грчките легенди, таа го посадила првото дрво на калинка на островот Кипар. Калинката е, исто така, поврзувана со божицата Хера.
Чоколадо
Некои истражувања покажуваат дека чоколадото не содржи хемикалии кои нè прават да се чувствуваме добро, но сепак, чоколадото е секогаш на врвот на секоја листа на афродизијаци.
Голем број на записи го опишуваaт значењето на чоколадото во културите на Маите и Ацтеките; во двете цивилизации било подготвувано како пијалак, не се јадело.
Често се користело како церемонијален пијалак кај Маите и не било дозволено за обични луѓе, поради што се сметало за пијалок на боговите.
Во церемонии поврзани со бракот паровите често го пиеле чоколадото, како дел од ритуалите и промената во нивниот животен статус.
М. А. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





