Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Уметници кои ги мразеле своите ремек дела

Успехот може да биде меч со две острици за некои уметници. Со една песна, едно ремек дело можете да станете популарни, но публиката секогаш од вас ќе очекува да ги реплицирате истите работи без отстапување, со години. 

Umetnici-koi-gi-mrazele-svoite-remek-dela

Ако сте сликар, ќе се очекува да го користите истиот стил во сите дела, ако сте пејач, ќе се очекува да создавате хитови секоја година.

Поради овие причини, некои уметници навистина ги мразат своите ремек дела:

Radiohead, „Creep”

Иако оваа песна е многу популарна, фронтменот на бендот Том Јорк не ја сака, бидејќи бендот стана познат само поради таа песна. Со текот на годините тој ја замразил песната, а бендот никогаш не ја свири во живо.


Woody Allen, „Manhattan“

Менхетн е романтична комедија напишана и режирана од Вуди Ален. Филмот е познат по различниот изглед (снимен е во црно-бело и со широк екран), искрената приказна и убавата музика.

Кога излезе веднаш стана голем хит, омилен кај публиката и критичарите. Некои критичари дури сметаат дека ова е најдобриот филм на Вуди Ален. Ален отсекогаш бил остар критичар за неговата работа.

Тој не мисли дека некогаш направил голем филм. Кога излезе филмот тој бил толку разочаран што дури понудил да направи нов филм, за да не мора овој да се прикажува.


Stanislaw Lem „The Astronauts“

Станислав Лем се смета за еден од најдобрите писатели од Полска и еден од најдобрите научно-фантастични писатели.

Неговата кариера започна со книгата „Астронаути“, објавена во 1951-та година. Книгата веднаш стана хит и пресвртна точка во неговата кариера како научно-фантастичен писател. Тој изјавил дека „малку му се гади од оваа книга“.


Led Zeppelin, „Stairway To Heaven”

Едно нешто е сигурно, не постои човек кој апсолутно ја презира песната како пејачот на Лед Цепелин Роберт Плант. Плант вели дека секогаш мразел да ги завршува концертите со оваа песна. Со децении тој одбивал да се обеди бендот Лед Цепелин, бидејќи не сакал да ја пее песната повторно.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маж со 3 нозе, жена која тежела 2kg – Како изгледале изведувачите во циркусите од минатото? Во 1920-тите, Нели Бланш Лејн била позната како „најголемата жена во светот“ бид...
8 ситуации кои може да ве извадат од такт додека сте на летување, низ илустрации Очекувате да запознаете згоден дечко на плажа, а наместо тоа ви приоѓа само маж ...
Што значи ангелскиот број 1111 - Ви се појавува ли во животот? Дали и вие сте од оние луѓе кои бараат магија во секојдневието? Ако е така, тога...
9 туристи кои открија изненадувачки работи при своите патувања во странски земји „Кога бев во Турција, поминав време со неколку различни семејства. Кога ќе ја ст...
8 работи кои општеството ги претставува како нормални, а се штетни (ги правиме и во Македонија) Oд родители кои вршат преголем притисок децата да им бидат успешни во сè до пром...
Работи кои може да ги најдете на попуст и е корисно да ги купите при крајот од летото Имате деца? Па, купувањето лулашка, лизгалка, трамбулина или други игр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg