Необични работи кои нè прават попаметни

Интелигенција тешко може да се дефинира. Направени се многу обиди да ја измерат интелигенција, пронајдени се модели кои укажуваат на врските помеѓу интелигенција и карактерот, но никој нема одговор како да станеме попаметни.

Neobicni-raboti-koi-ne-pravat-pametni

Сепак, низ годините се откриени некои специфични работи кои се заеднички на поинтелигентните луѓе:

Пишување со лева рака

Мозокот е поделен во две хемисфери. Иако секоја половина од мозокот го прави истото, постојат некои разлики. Кај луѓето, како и кај и многу други цицачи, една страна на мозокот е подоминантна. Ова е причината зошто пишувате со лева, односно десна рака.

Некои истражувања покажале дека луѓето кои пишуваат со лева рака имаат тенденција да постигнуваат повисоки резултати на тестови за интелигенција.


Ред на раѓање

Многу истражувања пронашле врска помеѓу коефициентот на интелигенција и редоследот по кој сте родени во вашето семејство. Генерално, првите деца се поинтелигентни од нивните браќа и сестри.


Атеизам

Врската помеѓу коефициентот на интелигенција и религиозноста е често проучувана тема кај поединците и кај општествата. Просечната интелигенција се разликува од земја до земја. Во земјите со највисока стапка на атеизмот се забележани највисоки резултати при решавање на тестовите за интелигенција.


Ексцентричност

Ексцентричноста е тешко да се дефинира или да се измери. Обично се гледа како чудно однесување во однос на општествените норми. Некои записи (најчесто субјективни) укажуваат дека креативните интелектуалци се склони кон ексцентричност, но ексцентричноста е исто така застапена и меѓу академиците.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сериски убијци кои биле пуштени од затвор и денес се на слобода Некои сериски убијци биле пуштени од затвор поради добро однесување, а некои, ед...
„Ја заборавив дома“ – Кој ви беше омилен изговор кога немавте напишано домашна? „Куче ме бркаше додека си одев накај дома... Ми ја зеде тетратката со домашната“...
Цртежи што можете да ги цртате со децата и да им измамите насмевка на лицата Како да нацртате лав, папагал или, пак, јаболко со црв со помош на вашите дланки...
Џиновска пастрмајлија, огромно јајце од ној и уште 11 јадења со неверојатна големина Виенска шницла поголема од чинијата, лиснато печиво големо колку волан во автомо...
Чанти, патики, џојстик – Како да препознаете евтини копии од оригинали? Како да препознаете оригинал патики од копии? На што треба да внимавате кога куп...
Совети и бон-тон правила со кои ќе ги избегнете незгодите на плажа Не оставајте дупки на плажата ако вашите деца си играле и не разменувајте нежнос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg